Малце офтопик, имам колега/претпоставен на работа што 17 години има работено во Јунајтед, изгорен ганер патем, директор во маркетинг секторот, и бил одговорен за вакви трошоци, за вработени у клубот, храна за играчи, хотели, опреми кур се тресе, све што е поврзано со она кое ние не го перцепираме а се одвива у позадина кај клубовите, у глобала имал на располагање 15м фунти на годишно ниво. И кога го земале прво Погба, после и Мегваер, му рекле да крати кај што знае, и доста луѓе или биле отпуштени или им биле скратени плати, и си рекол овој фак ит и се решил да даде отказ, не сакал да влијае врз човечки животи на таков начин нарочито ради економски кризи, плус подоцна и короната, тешко се наоѓало работа у Англија, а причина за тоа да ти е фаца ко Мегваер или дабер ко Погба. Ептен иначе биле уфилмани директорите у Јунајтед, нешто налик на Кристијан Бејл у American Psycho, со картичките, со одела со све, ептен терале на таков луксузен уфилман живот а и така се поставувале контра оние кои се подоле у таа хиерархија на компанијата.
У право бил Ван Гал кога на новиов тренер му посочи дека требал да одбере фудбалски клуб ко негова следна дестинација, а не комерцијален, зашто Јунајтед баш така функционирале, ко комерцијален клуб.
Доста интересни причи иам за Јунајтед од него добиено од тие 17 години поминати во клубот, имаат и криено за корона на пар фудбалери за да не им го сјебат цел распоред периодот кога се одложуваа доста утакмици, со потпишување на документи од секој вработен внатре у клубот дека не смее ниедно инфо поврзано со корона да искочи надвор од тимот. 200 кластери им имаат напраено вработени од клубот ради тоа низ Манчестер зашо не смееле да кажуваат дека можно е да се заразени од некој од играчкиот кадар, а притоа имале близок контакт со нив. Али ова е и пример како им се поставени внатре работите, со оглед дека не беа пробиени од некој медиум, ептен хардкорски, америте матер им ебаваат у поглед на обем на работа, на моменти доста нехумано.