Го зимате за релевантно интервјуто на тој неговиот агент каде вика дека саат време на состанок му збореле за времето и за рандом ствари а воопшто за договорот?
Според мене мислев дека се малце престроги према Лева, увек бил фер со нив овие години додека тоталира таму ама па и ова што Барселона веројатно буцка работа не треба да се игногира, тотален срам се за вакви работи, сме виделе во повеќе наврати.
Пин Захави ти е провокатор и лажов.
Кингсли Коман го шитна него, си зеде друг агент и го продолжи договорот со Баерн без проблем.
Кимих, па тој сам преговараше со Кан и Брацо за условите за продолжување на договорот, и го продолжи секако.
Се продолжија договорите и со Горецка, Милер и Ноер.
Едноставно е, Лева сака можеби промена на средина, а и ги сфатил премногу лично муабетите дека Баерн ги потпрашувале агентите на Халанд, плус Пин Захави претерал прераскажувајќи му дека Баерн се врти околу Халанд. Ги извртел малку работите.
И на последното продолжување на договорот на Лева со Баерн, имаше проблеми со Захави и со претерувањето на испревртени кажани зборови во јавноста каде што сакаше притисок и проблеми да прави преку медиумите.
Во тие преговори тогаш, Брацо и се имаше скарано со Захави.
А тие 2 години криза со короната, ги погоди и Баерн финансиски многу.
Тоа од Лева ги изненади во Баерн, а бидејќи има договор до летото 2023, со тоа сакаат да имаат доволно време за да соберат некој нов напаѓач, а и знаеме дека кога станува збор за напаѓачи, Баерн секогаш имале предобри напаѓачи и тука досега не утнувале.
Но, сега во овој момент сигурно не може да си го дозволат Лаутаро Мартинез или Дарвин Нуњез за 80 мил.евра.
Мислам дека на крај сепак ќе попуштат од Баерн, и дека ќе го продадат летово. Насила сигурно нема да го држат.