Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Јас мислам дека едноставно не сте навикнати да ја гледате Барса на шесто место и не ви е замисливо дека тоа би можело да потрае повеќе од една сезона, пошто (претпоставувам) повеќето од вас откако го следите клубот никогаш не бил во позиција да не се бори за титули.

Од друга страна, ние кои сме фанови на малку понапатени клубови, со проживеани бантер ера или две, знаеме дека тој процес, особено во модерниот фудбал, е малку подолг, особено земајќи предвид дека до лани го имавте можда најдобриот фудбалер на сите времиња во тимот.

Е сега, дали ќе биде Барса исклучок и ќе се регенерира инстантно во една-две сезони, живи били па видели, не дека не е возможно.

Само не мислам дека е многу веројатно.
Грешка си друже, барем за мене... За Барса навивам и ги следам од 1997 година, така да имам начекано и полош период. Не шесто место, туку имам доживеано да паднат на 15-то место. Имам преживеано тренери како Сера Ферер... Баш затоа знам дека тимовите имаат подеми и падови и дека само прашање на време е колку ќе трае една криза, подолго или пократко. И затоа колку и ситуацијата сега да изгледа тешка, не е ништо страшно да има ваков период.

Нормално, ништо не доаѓа преку ноќ па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Ама тоа дека Барса пропаднала или дека веќе не е атрактивна дестинација е далеку од вистината. Тоа па дека клубови од рангот на Арсенал се поатрактивни не ни заслужува сериозен коментар.
 
Член од
3 декември 2014
Мислења
407
Поени од реакции
316

Не знам што толку е тупите со тоа атрактивна дестинација како Челзи,Сити,ПСЖ биле атрактивни дестинации поради името:icon_lol:.Низ овај долг период на пратење на овај спорт а и општо не постои такво нешто како атрактивна дестинација се е во тоа кој колку можи да понуди$.Еве чист пример Дембеле кај вас јас мислам моментално Барса е најдобро место за да игра дури подобро него кога дојде ама еве за жива глава не сака да остане а еве се кладам ако Нукасл остане во ПЛ и на лето му понуди на Дембеле тоа што му е зацртано без проблем ќе потпише за нив.Што мислиш ако мислеше од фудбалски причини штрајкуваше во Дортмунд и со сите сили пробуваше да издејствува трансфер во Барса? Братот имаше 12 м причини да шртајкува сигурно ни 10% од тогашната плата ако пр му понудеше плата колку во Дортмунд не верувам дека со прст ќе мрднеше за да се случи тој трансфер. Да го спомнам и Нејмар и тој ли замина поради атрактивноста во ПСЖ од Барса и тоа во златен период не во ваква раштимана како што е сега.
Да не должиме Барса,Реал,МЈ,Баерн пред се се најактрактивни поради највисокоте плати што ги даваат пред се поради тоа е Барса во овие гомна што е.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.908
Поени од реакции
6.210
И Милан едно време беше атрактивна дестинација...

За некои да се издигнат, други треба да паднат.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.930
Поени од реакции
116.374
Плафонот оваа сезона е топ 4. На идната сезона секако дека не е.

Не знам што е тука несфатливо. Ако мислиш на финансискиот дел, тоа држи вода. Но ситуацијата може да се смени доста до летото. Продажба на играчи, менаџирање со платите, крај на пандемијата и враќање на публиката, отворање на клупскиот музеј и фан шоп... Ако мислиш на резултатската криза, баш затоа се бараат засилувања, како и во секој тим на светот.
И како ќе се изменаџира целово срање во кое е навлезена Барса за толку брзо време? Кои се тие продажби? Значи еве хипотетички Халанд го купувате, пошо нели сте биле меѓу фаворитите за негов потпис, притоа треба преку 100м за негов трансфер, уште 60-70м за плата што би ја земал наредни 3-4 години, провизиии за Раиола, за татко му..., се на се операција вредна преку 200м евра во најмала рака. Кого вие ќе продадете за да успее трансферот на Халанд и да можете да го регистрирате? Дембеле за 200? Хахха. Па цела екипа да ја продадете нема моментално да имате доволно за Халанд да го земете, не знам што не сфаќате. Ова го зборам зашо очигледно е дека Барса мора да продава и да се отарсува од играчи и нивните плати за да регистрира нови фудбалери (ете примерот со Торес, од летоска со Агуеро и Депај).

На Барса и следува период на тешка и мачна транзиција која може да потрае и повеќе од 5-6 години така да навикнете се на ова, што побрзо толку подобро.
 
faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
754
Поени од реакции
1.636
Kako sto Junajted posle Fergi seuste se vrakja na vrvot, taka i Barsa posle Messi ke s evrakja na vrvot...
Ne e isto. Junajted proba so Mojs zatoa sto "licese" na Fergi. Sakaa da ostanat na vrvot i panicno menuvaa menadzeri na sekoj 2 godini, menuvaa igraci za razlicni sistemi. Tipicen klub bez konkretna vizija.
Drug primer ti e Siti. Tipicen primer kako izgleda menadzer so vizija, koncept kako vo idnina. Na pocetok bea dizaster ama poleka so vistinski zasiluvanja napravija masinerija.
Tret primer ti e Liverpul. Kako so malku pari, dobar menadzment i vizija se gradi odlicen tim.
Chelzi ke go stavam blisku, Tuchel napravi super rabota so istite igraci sto gi imase Lampard.
Sega samo vreme, resursi i strplivost da mu se dade na Ragnick mislam deka ke se dignat na zavidno nivo.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.951
Поени од реакции
10.289
Интересно е што мислат дека можат да му ја дозолат платата а имаат играчи во тимот кои се согласија да играат безпари само да си ги дозволат новите трансфери.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.635
Поени од реакции
22.371
И како ќе се изменаџира целово срање во кое е навлезена Барса за толку брзо време? Кои се тие продажби? Значи еве хипотетички Халанд го купувате, пошо нели сте биле меѓу фаворитите за негов потпис, притоа треба преку 100м за негов трансфер, уште 60-70м за плата што би ја земал наредни 3-4 години, провизиии за Раиола, за татко му..., се на се операција вредна преку 200м евра во најмала рака. Кого вие ќе продадете за да успее трансферот на Халанд и да можете да го регистрирате? Дембеле за 200? Хахха. Па цела екипа да ја продадете нема моментално да имате доволно за Халанд да го земете, не знам што не сфаќате. Ова го зборам зашо очигледно е дека Барса мора да продава и да се отарсува од играчи и нивните плати за да регистрира нови фудбалери (ете примерот со Торес, од летоска со Агуеро и Депај).

На Барса и следува период на тешка и мачна транзиција која може да потрае и повеќе од 5-6 години така да навикнете се на ова, што побрзо толку подобро.
Transfer na Haaland ima volumen od okolu 300m EUR. Klauzula, signing fee, plati za 4,5 ili 6 godini, za Raiola, za tatkomu, za drug nekoj ako treba....znaci malce klubovi momentalno moze da si go dozvolat toa.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Грешка си друже, барем за мене... За Барса навивам и ги следам од 1997 година, така да имам начекано и полош период. Не шесто место, туку имам доживеано да паднат на 15-то место. Имам преживеано тренери како Сера Ферер... Баш затоа знам дека тимовите имаат подеми и падови и дека само прашање на време е колку ќе трае една криза, подолго или пократко. И затоа колку и ситуацијата сега да изгледа тешка, не е ништо страшно да има ваков период.

Нормално, ништо не доаѓа преку ноќ па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Ама тоа дека Барса пропаднала или дека веќе не е атрактивна дестинација е далеку од вистината. Тоа па дека клубови од рангот на Арсенал се поатрактивни не ни заслужува сериозен коментар.
1642506356815.png

Así de claro ;)

#Proud
#PrideInDefeat
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.395
Поени од реакции
18.548
Да ве потсетам, пред 2 години во Италија Јуве беше тој што изглеаше дека ги држи сите конци во рака, и немаше никакви изгледи дека Интер ќе им го земе тронот. Па ете, се сменија работите.

Мислам дека Барселона ќе се врати многу побрзо него што мислите, сосема различна ситуација од Манчестер. Прво, Барселона е природна против тежа на Реал, ради каталонија, и нема клуб што ќе ги замени за тоа. Не е како во Англија каде имаат 4-5 солидни конкуренти. Тука има само 2 клуба кој ќе ги собираат новите најдобри шпански играчи, и кад тад ќе формираат солиден костур на екипата.

Сепак Халанд треба да е будала да отиде таму. Не ради друго, туку ради искуство како пројдоа претходните мега трансфери на Барса :icon_lol:
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
384
Поени од реакции
1.299
Воопшто не беше неверојатно Интер да го замени Јуве пред 2 години, во тој момент веќе имаше стабилни газди и се влечеа правилни потези и финансиски и во поглед на играчки и технички кадар, и се поставуваше здрава основа за во иднина, додека Јуве почна да носи некои одлуки кои од денешен аспект можеме да заклучиме дека биле погрешни и го наговестуваа почетокот на крајот.

Тоа што сакаме да го доловиме на темава е дека Интер не стигна до ова магично преку ноќ, туку прво мораше да помине низ разни Рики Алварези, Габиголовци, Кондогбии и Жоао Мариовци, за тек после 2-3 години стабилно учество во ЛШ, потоа носење на еден од најдобрите спортски директори во Италија и на крај носење на Конте да стигнат таму каде што се сега. Значи процес, со добри и лоши одлуки низ годините, и многу искинати нерви.

Моментално Барса според мене е во состојба да привлече само 2 типа на играчи, млади како Феран Торес кои во Барса ќе најдат простор да се докажат, простор кој не (би) го имале во друг клуб како Сити, или 30+ годишни кои ќе можат да си го добијат последниот голем договор, а сепак да играат компетитивен фудбал. И најчесто ќе ги преплаќа првите, а ќе треба да им дава големи плати на вторите.

Сепак, ова, надополнето со играчи од школата, не е воопшто трагично, и се согласувам дека кога-тогаш ќе формираат солидна екипа, ама тоа не е нешто што се случува во едно лето, ќе има промашени трансфери и заглавување со високи цени/плати, ќе треба да се менаџираат долгови, па дел од тие млади играчи ќе влезат во прајмот од кариерата и ќе си заминат, во меѓувреме ЛаЛига ќе продолжи да гњави за регистрирањето играчи, Чави е прашање дали ќе се погоди на долги стази итн итн итн

Едноставно нема лесно и брзо решение во вакви моменти, и тоа мора да се прифати.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.395
Поени од реакции
18.548
Клучен збор, од денешен аспект. Тогаш никој не можеше да го предвиди тоа. Мислам ќе се вратат далеку побрзо од Интер, а во никој случај нема да заглават како Манчестер.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
384
Поени од реакции
1.299
Клучен збор, од денешен аспект. Тогаш никој не можеше да го предвиди тоа. Мислам ќе се вратат далеку побрзо од Интер, а во никој случај нема да заглават како Манчестер.
Тоа се однесуваше на погрешните одлуки на Јувентус, не за стабилизацијата на Интер.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Сфаќаш дека со вакви глупи постови сам испаѓаш кловн? Хумор левел арапски Трол фудбал...
Автоматски споено мислење:

И како ќе се изменаџира целово срање во кое е навлезена Барса за толку брзо време? Кои се тие продажби? Значи еве хипотетички Халанд го купувате, пошо нели сте биле меѓу фаворитите за негов потпис, притоа треба преку 100м за негов трансфер, уште 60-70м за плата што би ја земал наредни 3-4 години, провизиии за Раиола, за татко му..., се на се операција вредна преку 200м евра во најмала рака. Кого вие ќе продадете за да успее трансферот на Халанд и да можете да го регистрирате? Дембеле за 200? Хахха. Па цела екипа да ја продадете нема моментално да имате доволно за Халанд да го земете, не знам што не сфаќате. Ова го зборам зашо очигледно е дека Барса мора да продава и да се отарсува од играчи и нивните плати за да регистрира нови фудбалери (ете примерот со Торес, од летоска со Агуеро и Депај).

На Барса и следува период на тешка и мачна транзиција која може да потрае и повеќе од 5-6 години така да навикнете се на ова, што побрзо толку подобро.
Па еве и трансфер на Феран Торес изгледаше малку веројатен во ваква финансиска ситуација па се случи... Не велам дека е исто, многу далеку од тоа. Но сведоци сме биле на еден куп чудни трансфери. Никој не е ненормален да покажува интерес за играч ако знае дека не може да го потпише.

И никој не вели дека Халанд сигурно ќе дојде. Се' зависи од тоа кон што ќе цели самиот играч. Ако му се во прв план финансиите секако дека тешко ќе се носат другите екипи со ПСЖ и Сити.

Поентата е тоа дека од фудбалски аспект Барса би била одличен избор за Халанд. А тоа дека оваа ситуација ќе трае 5-6 години е многу малку веројатно. Ради повеќе фактори веројатноста е дека Барса многу побрзо ќе се врати барем во врвот на шпанскиот фудбал. За Европа секако ќе треба повеќе време.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom