Ко што некој му ги памти бламажите на Рамос и црвените картони наместо да праиме муабет дека има 4 ЛШ (не ги споредувам ввд и рамос).
Не сакам да релативизирам, она од пред некој ден е срам, тежок срам. Најлесно е да се каже дека се случи ради грешката на Адријан ( има такви муабети од навивачи, верувај) и наводно исто непокажаниот пенал, демек ги исфрлило од колосек. Јакиот шампион ако судиска одлука или грешка на играч у 3та минута те исфрли од колосек. Ливерпул беше прегазен, измалтретиран ко Пеп што малтретираше у Барса. Пуни пиперката ни се задеси.
Е сеа, мислиш дека уште една евентуална ЛШ и ПЛ да се освои со овој состав, ќе се збори "абе заеби трофеите, ти текнува дека изгубија 7-2"?
Јунајтед изгуби 6-1 од Сити и сите го зборат тоа за сеир ама никој не ја дискредитира јачината на тој тим поради тој пораз. Баерн има изгубено финале у продужение со примање на два гола во рок од 2 мин, оној перверзен состав на Милан доби бламажа у финале ЛШ ама може некој да го дискредитира тој тим на Карло?