Доста детали има во подкастов.
Во февруари Вернер се сретнал во Берлин со Клоп и со Солскер. Нормално Ливерпул бил првиот избор цело време, имал и дополнителни разговори со Клоп, па затоа и јавно си збореше дека сака да оди таму. Ама, пред некое време Клоп го известил дека Ливерпул не може финансиски да си го дозволи трансферот моментално, дека нема други причини туку само финансиски. Од друга страна во Јунајтед зависело од тоа дали ќе се продава Погба за да се земат пари (најверојатно резервирани им се достапните пари веќе за можен трансфер на Санчо), па и тоа не била сигурна опција.
Иницијално планот бил да остане во лајпциг уште една сезона штом не оди во Ливерпул, но од клубот решиле дека им се потребни парите сега и дека е најдобро да се продаде летово. Тука влагаат Челзи минатата недела, подготвени да ја платат клаузулата, а вчера и Вернер одлучува да го прифати трансферот.
Е сега мене ме интересира, како Ливерпул не може да си го дозволи?