Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.813
Поени од реакции
60.228
Оваа тема ја отворам да продискутираме околу засилувањата или пак евентуалните засилувања на фудбалските клубови. Да коментираме дали донеле вистинска одлука со доведувањето на играчот, или пак тоа ќе биде уште еден промашен трансфер (како за играчот, така и за клубот).
Значи целта е да ги поштедиме останатите две теми од нашите муабети, па затоа сите коментари околу трансферите или шпекулациите ќе одат во оваа тема.

За шпекулации користете ја темата наменета за тоа: Шпекулации
Исто така и официјалните трансфери објавувајте ги во веќе постоечката тема: Официјални трансфери

Доколку сакате да цитирате некој член од темата за Официјални трансфери, тоа сторете го во оваа тема.
За сите што нема да ги почитуваат правилата на овие теми, ќе следи перманентен бан од тема.
 

За брзо време ќе сфати дека направил грешка :)

П.С. Ова уствари ни (Ливерпул) оди во прилог, ќе му пуштиме плата за 6 месеца кога ќе дојде на позајмица во Август и ќе видиме дали го бива...за после да го земеме за некој милион на перманентен. Мурињо и Роџерс бфф :D
 
Салах во Челзи. Ќе го биде ли?

Иако Челзи има силна средина, мислам дека добар потег направија со доведувањето на Салах.
Доста добар играч е, млад е и има потенцијал во него.

Во почетокот ќе му биде проблем да се избори за добра минутажа, но за некоја година очекувам да биде стандарден првотимец.
До тогаш предлагам да им го дадете на позајмица на Луверпул. Да се навикне малку на англискиот фудбал (иако веќе има добро искуство против англиски тимови) :icon_lol:
 
Појма неам, според мене никогаш не било нешто повеќе од просечни играчи од овие. Овој Салах е млад на пример, ама има многу такви пропаднати играчи, кои иделе во ПЛ од овие местачките лиги. :)
 
Од сега тука вакви постови. Листајте го малку форумов, немој да сте зацепани само во 3 теми и тоа е тоа....
Ќе ти го избришам од другата тема, да не се збуниш :)

Уште нешто за Тоивонен

Пред некоја година беше вистински лидер, голгетер во ПСВ, исто и сега од клупа кога ќе добиеше шанса знаеше да постигни гол, се работи за голем талент, баш сега прочитав и се зачудив шо потпишал за РЕН, слабо оваа година играат Рен, чекор назад е ова за Ола, ова е исто како во Македонска лига да потпишал :pos: Матавз си има сигурно место во нападот, сега плус со Руиз воопшто немаше да сметат на Ола и мораше да бега...
 
Салах беше мошне солиден во Базел, но тоа не е факт дека и во Челси ќе биде добар.
 
Да пробам, Салах ќе биде многу добар во Челзи, за некое време стартер. :cool:
 
Вистинското прашање е дали ќе го биде Мата во Манчестер... за Салах знаеме дека ќе грее клупа, или ќе биде даден на позајмица :icon_mrgr:
 
Ма што бе ве гледам скептици Салах е играчиште сто пати е подобар од Мата. Штета само што се заглавивме со Хазард а ни избега Кагава иначе кој тандем ќе беа Кагава и Салах, невидено дуо како Тим Ракета ќе беа :vozbud:
 
Мата би требало да биде замена за легендарниот Рајан Гигс(40г.),само цената за играч кој нема првотимски сатус од 45 мил. евра :гомце: :гомце: :гомце: :facepalm:
 
Мата е еден од оние паник бај трансфери на Манчестер, нешто како Фелаини летово. Му бараа позиција на теренот откако го купија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom