Батигол , еден од најдобрите напаѓачи што некогаш ги имам гледано а и еден од поскромните играчи на кој фудбалот и навивачите му беа на прво место , легенда во Фиренца каде играше од 1991-2000 ( ги одби сите понуди на најголемите екипи од Европа ) и каде постигна 168 гола ( на пола од нив беше '' кинета '' мрежата , вистински ремек дела ) на 269 натпревара , штета што со нив не го освои Скудетото иако беше на дофат уз Трапатони но тешката повреда ( мислам дека со Милан ја заработи ) го оддалечија од терените и Виола од 1вото падна на 3тото место таа сезона . . . Првата година во Рома значеше и освојување на титулата во Италија , титула која Рома ја освои по скоро 20 години стагнација , покрај Тоти Батигол беше еден од најзаслужните за истата , постигна 20 погодоци иако мака мачеше со повредата на коленото .
Симнувам капа за овој играч :bravo: и заедно со Хавиер Занети ( двајцата аргентинци ) ми се едни од најомилените играчи воопшто , вистински примери како треба да се бранат боите на клубот .