Верувам дека не им е сеедно, ама златен пример е Дани Алвеш кога му ја фрлија бананата, човекот си касна и си продолжи да игра...и него не му било сеедно, и него чуствата му биле повредени, ама менталниот склоп на еден професионалец треба таков да биде, особено на играчиве во боја. Верувам дека подобар пример остави Алвеш со тоа однесување одколку Марега.
Фудбалериве денес буквално со прст не мрдаат, дали клубот дали самите себе, обезбедени се со преведувачи, шофери, адвокати, агенти, кувари, и уште што не, нивна работа е само да се појават на тренинг и утакмица...ако ништо друго, мора и психички да ги спремаат во текот на сезоната, знаејќи дека неделно во просек се соочуваат со 60 000-100 000 навивачи, од кои добар број се класични идиоти, за кога ќе испаднат на терен, такви работи да не ги засегаат.
Али ајде, не сме искусиле на своја кожа, па да не мудруваме многу..