Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Искрено и двата фотоапарати ми се допаѓаат.
Немам познавање од ова поле и недоумицата ми е во тоа што другите ме советуваат за Canon -oт во однос на сликата. Canon-от вадел поживописна слика од Nikon-от. Некако боите му биле поубави на Canon-от.
Дали е навистина така???
Додека Nikon-от како што го гледам има поинтересни карактеристики и во пикселите и во некои други нешта.
Само тоа ми е најголемата недоумица.

Acid, благодарам за понудата :).
Ако се одлучам, веднаш ќе контактираме.
„Живописно“ е индивидуална работа... Јас користам Canon, но би користел и Nikon. Canon-от го земав само поради подобрите видео можности кај DSLR апаратите. Да ми беше апаратот исклучиво за фотографија (и да имав повеќе пријатели Nikon-џии со кои би се менувал со објективи), најверојатно би земал Nikon. „Живописноста“ на фотографиите можеш да ја „штелнеш“ во пост-продукција (Photoshop или Lightroom) и зависи од твоите очекувања за одредената фотографија...

Според тоа јас што го гледам, Canon има по „филмски бои“, додека Nikon има „пореални“ бои. Ама и тоа е индивидуално, затоа што моите и твоите очи не гледаат исто :)

За конкретните апарати, квалитетот на сликата е приближно ист, со тоа што Nikon L810 има МНОГУ поголем зум :)

Ако сакаш да направиш споредба на квалитетот на фотографиите, клик тука:
Canon | Nikon

Не дека го продавам (не го ни продавам сериозно, едноставно - користам друг подобар апарат), ама во овој случај јас би го земал Nikon-от :)
 
Ace Ventura

The samurai...
Член од
3 декември 2007
Мислења
383
Поени од реакции
59
Пак јас...непланирано влегов во Нептун и се загледав по апаратите,во глава план да земам Канон 600д и си го разгледувам кога од страна доаѓа еден дечко вработен таму и ми кажува за 550д дека доаѓа со 2леќи..еве ја понудата http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=27_103_167&product_id=202936 и сега ме стави во мисла..дали 600д или 550д со 2леќи..ваше мислење,што би направиле вие?
 
Член од
6 мај 2010
Мислења
226
Поени од реакции
85

600д со 18-135 објектив :)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
600д со 18-135 објектив :)
Море мамицата да им ја... Кај беше понудава кога сакав јас да земам 550D? :)
Сепак, откако ја земав 600-ката и потоа го прочачкав и 550D, јас би те советувал да одиш на варијантата 600D со 18-55mm + торбива + 8GB мемориска картичка (таа ја има сеуште, така?).

Разликата во цена ти е некои 3-4.000 денари, а добиваш понов модел, ротирачки дисплеј (кој верувај дека ќе ти се најде повеќе случаи - особено за видео и драматични кадри), добиваш торбица (која инаку е околу 2.000 денари) и картичка гратис. E сега, ако си мераклија за зум објективи, оди на 550D... Твој е изборот, не се лоши и двете понуди.
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Е значи вака, имав дигитален апарат ама бог да го прости веке...сеа ми треба пак апарат да си купам ама не ми се фрлаат пари за нешто профи/полу профи туку сакам да си земам некој поефтин-до кај 100 евра. Ги разгледувам цените по продавниците и стварно не можам да разберам една работа-има апарати што се со многу мегапиксели а се ефтини и обратно. Во очи ми падна еден Самсунг во Керфур со 16 мегапиксели, батерија на полнење и беше 4300 денари. Гледам по другиве продавници апарати со 12 мегапиксели се по 5-6 илјади и тоа со две АА батерии.
Значи прашањата ми се:
Дали цената и местото на кое се продаваат производите го одредуваат квалитетот на истите?
Дали Самсунг не ги бива за фотоапарати?
Дали за квалитетот на сликата се најбитни мегапикселите или прсти мешаат резолуцијата, ИСО-то или што ти знам таму друго што има (не се разбирам во тоа многу)?
И слично како претходното: Што треба да се гледа кога се купува апарат (мп, резолуција....?)
 
Да ти понудам нов (со гаранција, во кутија) Nikon L810? :)
Во продавница е 13.000 денари, јас би ти го дал 11.000... Нема да згрешиш, особено ако си мераклија за зум (26х оптички).
 
Acid, Фала ама не ми се дава толку за апарат, барем не сега :)
Фала во секој случај.
 
Член од
29 септември 2012
Мислења
1.155
Поени од реакции
2.176
Кoj se наефтините DSLR фотоапарати кој подржуваат RAW техника oд Nikon или Cannon ?:icon_lol:
 
Член од
23 мај 2012
Мислења
21
Поени од реакции
7
Кoj se наефтините DSLR фотоапарати кој подржуваат RAW техника oд Nikon или Cannon ?:icon_lol:
Сите DSLR-и (и поедини „идиоти“) подржуваат RAW.
--- надополнето: 30 октомври 2012 во 08:30 ---
Е значи вака, имав дигитален апарат ама бог да го прости веке...сеа ми треба пак апарат да си купам ама не ми се фрлаат пари за нешто профи/полу профи туку сакам да си земам некој поефтин-до кај 100 евра. Ги разгледувам цените по продавниците и стварно не можам да разберам една работа-има апарати што се со многу мегапиксели а се ефтини и обратно. Во очи ми падна еден Самсунг во Керфур со 16 мегапиксели, батерија на полнење и беше 4300 денари. Гледам по другиве продавници апарати со 12 мегапиксели се по 5-6 илјади и тоа со две АА батерии.
Значи прашањата ми се:
Дали цената и местото на кое се продаваат производите го одредуваат квалитетот на истите?
Дали Самсунг не ги бива за фотоапарати?
Дали за квалитетот на сликата се најбитни мегапикселите или прсти мешаат резолуцијата, ИСО-то или што ти знам таму друго што има (не се разбирам во тоа многу)?
И слично како претходното: Што треба да се гледа кога се купува апарат (мп, резолуција....?)
За тие пари... сите ќе извадат најчесто прифатливи фотки преку ден (сончев!) и до ISO200. ;)
Мегапикселите не се битни. И 3.2 се доволно за фотки 10х15 или за на ФБ.
АА батерии се попрактични, мада најчесто не доаѓаат со апаратот, а ќе треба и полнач. Се тоа ја крева цената.
Цената и местото (освен ако не збориме за тезга на пазар) најчесто не игра улога во квалитетот... ама може да има улога во техничка поддршка, сервис и сл.
Не викам дека Самсунг не чинат, ама види ако можеш Canon, Sony, Fuji да си најдеш нешто. Најпаметно, најди некои модели шо ти фаќат око и трк на гугл во потрага по ривјуа, споредби и сл.
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
Пишав и во друга тема, ќе пишам и овде. Купувам DSLR апарат кој би го користел главно за видео. Максимум што можам да си дозволам се 1200 евра. Фала богу, тие пари немора да се искористат за апаратот, туку и друга опрема како осветлување, објективи и слично. Во игра влагаат: Canon EOS 600D Kit 18-55mm IS + SD 8GB + торба, Canon EOS 600D 18-135mm IS + SD 8GB + торба , Canon EOS 650D Kit 18-55mm IS, Canon EOS 60D Kit 18-135mm IS и Nikon D7000 Kit 18-105mm VR. Nikon D90 го тргнав затоа што снима 720p HD.

Едноставно, ме интересира која е најдобра комбинација платено = добиено. Парите не ми ги поклонил никој и сакам да го направам најдобриот избор.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
598
Поени од реакции
145
акот ти е за видео само Canon,Гледај да најдеш 5d mark 2 на старо и си завршил работа.
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
Таков тешко наоѓање, и некако ептен ми е надвор од буџетот. :D
Со буџетот сум далеку од full-frame, а другиве се само нијанси кои коштаат 300-400 евра. Така да, сега останува да се решам за 550D или 600D додека другите пари ќе одат на друга опрема.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Таков тешко наоѓање, и некако ептен ми е надвор од буџетот. :D
Со буџетот сум далеку од full-frame, а другиве се само нијанси кои коштаат 300-400 евра. Така да, сега останува да се решам за 550D или 600D додека другите пари ќе одат на друга опрема.
600D или 650D... Највеќе, поради ротирачкиот дисплеј (кој и тоа како ќе ти биде корисен за видео).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom