Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.206
- Поени од реакции
- 34.442
„Живописно“ е индивидуална работа... Јас користам Canon, но би користел и Nikon. Canon-от го земав само поради подобрите видео можности кај DSLR апаратите. Да ми беше апаратот исклучиво за фотографија (и да имав повеќе пријатели Nikon-џии со кои би се менувал со објективи), најверојатно би земал Nikon. „Живописноста“ на фотографиите можеш да ја „штелнеш“ во пост-продукција (Photoshop или Lightroom) и зависи од твоите очекувања за одредената фотографија...Искрено и двата фотоапарати ми се допаѓаат.
Немам познавање од ова поле и недоумицата ми е во тоа што другите ме советуваат за Canon -oт во однос на сликата. Canon-от вадел поживописна слика од Nikon-от. Некако боите му биле поубави на Canon-от.
Дали е навистина така???
Додека Nikon-от како што го гледам има поинтересни карактеристики и во пикселите и во некои други нешта.
Само тоа ми е најголемата недоумица.
Acid, благодарам за понудата .
Ако се одлучам, веднаш ќе контактираме.
Според тоа јас што го гледам, Canon има по „филмски бои“, додека Nikon има „пореални“ бои. Ама и тоа е индивидуално, затоа што моите и твоите очи не гледаат исто
За конкретните апарати, квалитетот на сликата е приближно ист, со тоа што Nikon L810 има МНОГУ поголем зум
Ако сакаш да направиш споредба на квалитетот на фотографиите, клик тука:
Canon | Nikon
Не дека го продавам (не го ни продавам сериозно, едноставно - користам друг подобар апарат), ама во овој случај јас би го земал Nikon-от