- Член од
- 16 мај 2010
- Мислења
- 6.422
- Поени од реакции
- 5.968
Возеа бел ливери во чест на Хонда таа година, мислам Хонда славеше некој јубилеј и РБ решија да ги удостојат како благодарение на добрата соработка и моторот што го испорачаа Хонда.Знаев дека не сум шизофрен, уште!![]()
Интересен факт е што читав статија како РБ успеал да оствари добра соработка со Хонда во споредба со фијаското на Мекларен.
Имено, првично Хонда се префрли со Торо Росо/Алфа Таури не сум сигурен како се викаа таа сезона. Франц Тост со поддршка на РБ ресурси организирал работилници фокусирани на културни разлики меѓу Јапонија и Швајцарија (Европа, со оглед на разноврсноста на тимот). Односно, начини на комуникација, односи меѓу луѓе, и се ова неколку месеци уште пред да почне официјалната соработка.
Многу труд вложен од РБ под маска на Торо, бидејќи РБ знаеа доколку Хонда покаже издржливост ќе ги земат, перформансите сами по себе ќе дојдат. А верувале или барем имале инсајдерски информации дека неуспехот со Мекларен доаѓал ради токсичната околина која ја креирале британците. Односно со нивното одмено понашање и кривење на Хонда цело време наместо да седнат и да видат како да го решат проблемот заеднички. Јапонците тоа многу лично си го сфатиле и биле на мисија да докажат дека можат, а РБ едноставно бараше партнер кој може да пружи стабилност пред се, после проблемите со Рено.
И така се случи, останатото е историја. Во РБ кога влегоа Хонда, веќе практично се познаваа луѓето меѓу себе и на пониско ниво, остварен систем на комуникација и функционирање и со големо ниво на почит за двете страни, станаа шампиони.