Треба малце ф1 да живне со млади шофери. Овие како Хулк, Рикиардо, Магнусен, Ботас, Перез се сите за пензија.
Муабетов со млади возачи го терате веќе 2-3 сезони а усвари не ви фалат „млади“ возачи, ви фалат промени.
Како ретко до сега, последниве 7-8 години е ист падокот, без преголеми измени. Со исклучок на Ветел, другите промени секогаш беа за второто место во Торо Росо и кој ќе вози за Вилијамс.
Тоа што почнале како ептен деца, и тие неколку генерации се енормно талентирани, не ги праи стари, ги праи искусни. Следниве возачи се сите на возраст 24-28, а или се победници или можат во најмала рака да бидат победници во конкурентен болид: Макс, Леклер, Ландо, Оскар, Расел, Гасли, Окон, Јуки, Албон.
Усвари пола од падокот се млади.
Потоа ги имаш Алонсо и Хамилтон, што се класа за себе.
Перез и Ботас, што се на рамниште на Баричело, а Баричело долго време беше човекот со најмногу ГП.
Строл, што вози во сопствен тим и един начин да не вози е да му ја одземат дозволата.
Жу што е солиден, во однос на тоа во каков тим е и башка што носи премногу спонзорства со себе.
Саинц што е непозната. Дали квалитетот му е нешто подобар од Перез и Ботас или стварно има потенцијал за повеќе.
И остануваме со Рикиардо, Магнусен, Хулкенберг, Сарџент. Првиот сеуште нема договор за наредна година ако не се лажам. Вториот го измоча начисто Шумахер ( што беше шампион во малдински категории ). Третиот е екивавлент за мид-тејбл клуб. Ќе ти собира поени и ќе има константност. Последниот е веќе набркан.
Од друга страна, со исклучок на Лосон и Кими и можеби Бартолето, кој друг од младиве заслужува шанса, во било кој тим ?
Од Берман не очекувам премногу. Јесда имаше солидна трка ама не е нешто импресивен во младински категории.