Формула 1 - сезона 2024

За кои (мин.1, макс. 3) возачи ќе навивате во 2024?

  • Серхио Перез - Ред Бул Хонда

    Гласови: 0 0,0%
  • Логан Сарџент - Вилијамс Мерцедес

    Гласови: 0 0,0%
  • Жу Гванжу - Кик Заубер Ферари

    Гласови: 0 0,0%
  • Валтери Ботас - Кик Заубер Ферари

    Гласови: 0 0,0%
  • Кевин Магнусен - Хаас Ферари

    Гласови: 0 0,0%
  • Нико Хулкенберг - Хаас Ферари

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.805
Поени од реакции
1.268
Саинц како да возеше за Мекларен. Подобро неможеше да изреагира.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.891
Поени од реакции
44.771
Пиастри и да нема клаузула у договор за тоа да не е втор возач, срамота е возач со такви квалитети да се квалификува така, таман си е све, сега дали тоа може на долг рок да ги чини Мекларен титула на еден од возачите, а во случајов тоа е Норис, ќе видиме, ама тука сме да гледаме тркање не еден што е и те како конкурентен, да се трга во овој дел од сезоната нарочито, кога све е решено тогаш ќе има некаква разбирачка за таков потег.

Маестрално извозе, и тоа е тоа, супер возач и ова е добро на долг рок што добиваме уште еден голем потенцијал.

Ферари некаде ја усраа денеска, 8 секунди беше Леклер напред пред првото менување на гуми, кога Пиастри влезе, а кога Леклер излезе овој не му даде да се одлепи, одма позади него беше и успеа со добар маневар да го помине, за да до крај одлично брани и одолева на нападите, секоја чест.

Сајнц направи грешка на крајот, ама му порасна курето и осети дека може да биде и втор, не гледав причина да направи еден јалов мини напад тука и врз неговиот колега, по што лошо излезе од тој свиок и му остави простор на Перез, кога се случи и контактот каде крив беше шпанецот.

Перез после богзнае колку време подобар викенд од Макс, севкупно гледано, и на крај не освои ни бод, а имаше огромни шанси да биде втор, али и он погреши со нападот над Леклер од надворешна страна кога од напад за второ, излезе 4ти после првиот свиок.

Макс изгуби многу викендов, зашто Норис стартуваше 15то за да на крај заврши една позиција пред него, добро за него е Норис да не освојува многу поише од него бодови до крај, ама денес имаше услови обратно да е, али редбулот негов беше мачење да се гледа денес, во доста незавидна ситуација се сега, во конструктири дефинитивно ќе потонат а има шанси на крај и позади Ферари да се, останува битката на Макс за титула ама и ова е под знак ? во моментов.

Вредно за напомена денес се бодот на Берман кој го искористи фактот што Сајнц и Перез се удрија, но и 8мото место на Колапито кој секако ќе освоеше бод денес, вака освои повеќе од цела кариера на Сарџент во формула 1 ако не се лажам, што од една страна го потврдува потенцијалот на аргентинецот кој цел викенд беше одличен со оглед дека влезе и во Q3, но и фактот дека Сарџент едноставно беше мизерен возач.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.891
Поени од реакции
44.771
Go nema @Syn da napravi detalna analiza kako Max e zverot i si gi pleska drugite kako mali deca ...
Макс заврши втор, со болид кој у последни 2 месеци не е ни топ 3 на патеката, доволно говори фактот што сеуште има солидна предност во битката за титула иако сезонава не се ни најдобар втор болид на патеката, ко и фактот што неговиот тимски колега редовно вози секунда поспоро од него цела сезона. :)
Да го негираш талентот на Макс треба да си едноставно класична незналица ко оние типични нетфликс фанови на овој спорт кој прилично доста се наталожија, али тоа го тргам на страна, кажи колкав е бројот на возачи во модерната ера на формула 1 што освоиле титула а притоа не биле дел од најдобриот тим таа сезона, Макс веќе има една таква титула, а сезонава ако освои, тоа ќе биде втора негова титула во ситуација кога не вози во најдобриот болид.

Друга работа, кој во овој болид на редбул сезонава би се борел за титула, чисто ме интересира, и притоа да е еден од главните фаворити за истата, еве одвои еден возач на гридот а да не е Макс, што би бил главен фаворит за титула а притоа да вози во болид кој не е ни топ 2 моментално. Ова е класично вадење на максимум, ништо повеќе, второ место во ваков болид, и на квалификации и на трка, и тоа на стаза која не им одговара ( види како поминаа лани во најдоминантната сезона у формула 1 на еден возач на истава стаза ) е чиста премија, ја очекував фијаско нивно викендов ама Макс стандард, достави.

Редбул сезонава се фактор само поради Макс, било кој друг да беше место него во екипава, ќе беа астон мартин екипа а Мекларен своите главни ривали ќе ги гледаше најверојатно во Ферари (Леклер) или Мерцедес евентуално, ама глатко ќе освоеа све на крајот од денот, вакви какви што се.

Најинтересното допрва почнува, и нам ни преостанува да уживаме, ништо повеќе, иако денешнава трка беше све само не уживање, можеше и да се преспие, али тоа го налагаше и самата стаза.

п.с. Има ли некој нешто напишано за оној мини дрс што го имаа Меклраен цела сезона скоро, многу ме интересира на која основа ова им го дозволуваат, Ферари и РБ се бунеа ама јалово извесен период ама еве пред викендов им беше наложено ова да го модифицираат, али главното прашање е зашто тоа сега им се налага а не од старт.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.891
Поени од реакции
44.771
Се надевам ќе гледаме реприза и финале исто како во 2021 :zloo:
Toa e once in a lifetime момент, да се решава титулата во последна трка сме гледале неколку пати, било доста возбудливо и драми со Луис и Маса во Бразил, многу бедно кога Алонсо со Ферари ја испушти и заглави позади русинот ако не се лажам, ама да се решава у последен круг, во директен дуел на двајцата еден позади друг, и тоа без DRS што исто така беше јак и редок момент, е тоа еднаш го сведочиме и никогаш повеќе.

Да ужива у сите благодети у животот големиот Мајкл Маси што тоа ни го достави, иако и тука се заобиколија неколку регулативи, зашто таква сезона да се заврши позади safety ќе беше најголемото сквернавење на овој спорт во историјата, а тоа повеќето фанови на Луис го сакаа.

п.с. Не го заборавам и легендата Латифи кој тоа го изнуди. :cuc:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.400
Поени од реакции
11.276

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.891
Поени од реакции
44.771
Прегледај го приврзокот 430081


Еве еден интересен податок. Една грешка ќе ги чини сезона и двајцата.
Poveke se, i na trkata vo UK ja usra timot, a nemase sreka Noris i na kvalifikaciite vo Azerbejdzan ( imase na glavnata trka ali mozese mnogu poise protiv takov Max ), ama do ovoj del od sezonata mozeme da zaklucime i deka Max moze i podole da zavrsi, a i Meklaren/Noris da ja usere nekako, te radi glupi odluki i strategija ili neiskustvo vo edna vakva situacija na vozacot koj i svoite debi pobedi gi ima ovaa sezona a i istovremeno prv pat se bori za tituli. Denes primeti deka Noris so vakva komotna prednost ednas nicim izazvan poljubi zid i imase minorna steta na bolidot, i u eden navrat ke ja napravese istata greska ko Rasel lani na istoto mesto, sto ke znacese aut od trkata ... zaso brkase eban najbrz krug.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom