Сега за сега, и покрај другите муабети, најреална прогноза е Сајнц, во директна замена со Хамилтон. Ете да речеме: 40% шанси има за тоа да се случи.
Другите шестмина кои се спомнуваат како можни наследници, некои само зашто договорите им истекуваат на крајот од 2024 со сегашниот тим, други заради други нешта, исто, ако им дадам некој процент на шанси, би биле:
02. Перез (му истекува договорот со Ред Бул) - 20%
03. Норис (зашто Тото би го сакал, но проблем е што има повеќегодишен договор со Мекларен) - 15%
04. Албон (Зашто е добар во Вилијамс, а знаеме дека Мерцедес си го има на ти го-дај ми го со Вилијамс) - 10%
05. Алонсо (зашто нема возено за Мерцедес, се покажа дека уште може, а и нема да биде изненадување после Астон Мартин трансферот) - 5%
06. Мик Шумахер (дека Германец, заради татко му... Ама Тото сигурно памти колку беше ужасен) - 3%
07. Андреа Кими Антонели (дете од школата на Мерцедес, годинава ја скокна F3 за да дебитира во F2. Ако се покаже таму, нема да биде чудно да го седнат баш кога ќе наполни 18 години во главниот болид) - 3%
И уште 4 wild карти, ама тешко остварливи:
08. Рикиардо - 1%
09. Окон - 1%
10. Ботас - 1%
11. Кам-бек на Фетел - 1%
Ако има опција да се уплати - кој нема да биде нов F1 шампион во 2024, би играл.