Формула 1 - сезона 2020

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2020 ?


  • Вкупно гласачи
    89
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.050
Ветел освен искуство и стрпливост не покажа некој перформанс денеска, Леклерк според мене беше далеку подобар од него, Ветел покрај добриот старт (му помогнаа за тоа и извртувањата на тие пред него) цела трка се бранеше и успоруваше некого менаџирајки си ги гумите и трката што на крајот му се исплати а и грешките на Макс, Чарлс, Строл му одеа во прилог
8 позиции добиени на стартот и ги држеше Хамилтон и Макс позади него доста кругови, како тоа не е ништо?
Плус Фетел имаше setup за wet tires, а Леклерк и Хамилтон за intermediates. Затоа на пример Луис го немаше нигде додека беше многу мокра стазата ама кога се подисуши одма почна да ги поминува.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
И Хамилтон е плачко, ама вака не се дерел.
Овде нема ни П од плачко, дечкото е самокритичен и иако извозе феноменална трка сепак е разочаран од самиот себеси поради таа една грешка што ја направи. Не обвини никој друг. И во тие моменти на фрустрација се прибра и коректно му оддаде признание на Фетел.

Ветел освен искуство и стрпливост не покажа некој перформанс денеска, Леклерк според мене беше далеку подобар од него, Ветел покрај добриот старт (му помогнаа за тоа и извртувањата на тие пред него) цела трка се бранеше и успоруваше некого менаџирајки си ги гумите и трката што на крајот му се исплати а и грешките на Макс, Чарлс, Строл му одеа во прилог
Па не направи ниедна грешка и тоа на најтешката трка до сега, плус мислам и дека избегнуваше некои болиди што се извртуваа па и тоа го успори, како и катастрофалниот пит стоп од 5 и кусур секунди. И многу успешно се бранеше од нападите, генерално земено одлично извозе од почеток до крај. Леклер имаше подобро темпо точно, ама све тоа џабе кога направи критична грешка.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.156
Поени од реакции
1.376
8 позиции добиени на стартот и ги држеше Хамилтон и Макс позади него доста кругови, како тоа не е ништо?
Плус Фетел имаше setup за wet tires, а Леклерк и Хамилтон за intermediates. Затоа на пример Луис го немаше нигде додека беше многу мокра стазата ама кога се подисуши одма почна да ги поминува.
Не реков не е ништо него не покажа некој перформанс, никого не претекна освен кога тие пред него погрешија, како Окон и Ботас на стартот се извртеа, Хамилтон на почетокот овој борејки се со Макс прешироко фати еден свиок па Фетел отиде напред, извртувањето на Макс, така го помина, на крајот и грешката на Чарлс. Не мораше да се брани во најголем дел од трката, доволно беше само никако да не ја напушта тркачката линија на која единствено беше можно да се вози (освен на самиот крај кога се потсуши) искусен возач е го знаеше тоа и ги остави Макс, Луис зад него да ризикуваат и да се насанкаат ама и Луис е искусен и знаеше да си чека стрпливо зад него. Не намалуваше заостаток спрема тие пред него за цела трка а останатите го стигаа (само не успеваа да го минат).
Каков сетап за ВЕТ кога и додека возеа со ФулВет Перез, Строл се оддалечија напред а овој го кочеше Луис назад со ИнтерМедиа сетап. А Луис не дека го немаше никаде додека беше многу мокра стазата туку е доволно искусен да знае дека не треба да ризикува зад Ветел и си ја дочека шансата та ако имаше празен простор пред себе иако со интермедиа сетап немаше да му се одвојат РП розевите, така да останувам на своето мислење дека Себ успеа со релативно споро но сигурно возење искусно да си одработи, мене лично многу ми се допадна возењето на Макс, со муда возеше па кога покуша да го помини Перез викав Браво иако се изврти, исто и Чарлс превземаше иницијативи, се осеќа младата крв додека Ветел премногу има грешено во кариерата па сега на овие години и пред крај на договорот не му се ризикува, беше добар ама сега е стерилен возач кој игра само на сигурно.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.050
Можно е да видиме Астон Мартин како безбедносно возило следна сезона наместо Мерцедес АМГ.
 
Член од
8 ноември 2012
Мислења
233
Поени од реакции
369
Не верувам дека ке го сменат мерцедес. Нели спремаа некоја специјална верзија од мерцедес за ф1 или нешто слично
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.965
Safety Car Aston Martin, a Medical Car Mercedes? Ili 2 razlicni Safety cars shto ke rotiraat?
Јас читав дека ќе бидат пола пола. На пола трки Мерцедес на пола Астон Мартин со некоја цел намалување на трошоци :) Медицинското останува Мерцедес. Него 23 трки наредна сезона... многу бе, повеќе од 20 сметам дека не треба да има. За гледачите додуше, не е толку лошо :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom