Формула 1 - сезона 2020

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2020 ?


  • Вкупно гласачи
    89

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Хамилтон не ти влегува во бокс сега макар му експлодираат гумите.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.707
Поени од реакции
33.343
Многу се радуваше, не е добро тоа, премногу емотивен. Ќе му удри пол позицијава во глава, утре ќе се усере во трка.
Ете, ти реков. Абе он е возачиште! Татино. :pos:
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
96
Поени од реакции
139
После 9 години пауза, повторно трка во Истанбул парк и тоа каква ролеркостер трка со многу престигнувања, дуели и непредвидливост со краен исход = 7ма шампионска титула за Луис Хамилтон.

Целото видео на линкот подолу


 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Брату убаво што се мачиш ама публиката која ти е таргет е премала. Ако го правиш ова за мерак и разонода ок , ама ако сакаш нешто повеќе би ти препорачал да го правиш истото на Англиски.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.215
Поени од реакции
41.318
Каква докторска победа на Луис страшно нешто, боља потврда за шампионската титула и не можеше да удри, едноставно Класа над сите останати у моментов и дефинитивно еден од најдобрите на сите времиња у овој спорт ... иако воопшто мене лично не ми е омилен нарочито сезонава и со цело тоа лигавење на радио и блм пропаганди, али пред фактите и боговите молчат.

Буквално денес се виде неговиот талент и знаење на трка каде јакиот болид и немаше голема улога ко што е во нормални услови, додека сите други на ваков или онаков начин грешеа, почнувајќи од Макс, завршувајќи со Леклер на крајот, за издвојување е и Перез и секако Фетел. Што се однесува за малиот од Монако, за жал цело е кога има Се, извозе скоро и перфектна трка, со перфектни стратешки тајминзи за менување на гуми али на крај, и тоа само на неколку свиоци до целната рамнина фрли кал на целата трка, од битка за второ место извиси и од подиумот, неговата реакција говореше све тука, ужасно погреши и тоа во ситуација кога Перез имаше инфериорен болид во однос на неговиот ради гумите.

За Ботас што да се каже а не е кажано, делуваше ко на уметничко лизгање да е од самиот старт па све до крајот, за тие потези што ги правеше има секако чиста 10ка, ко и за смислата за хумор што ја покажа кога на радио му рекоа дека има уште 4 круга до крај а овој вика, се надевав дека се помалце, тој стил нешто. Заедно со Строл лузеришта на денот се, а и Верстапен тука ќе го додадам кој претерано многу грешеше у пакет со неговите колеги од боксот кои на првото менување му украдоа 2-3 секунди, нешто што не е својствено за редбул и тоа можда и беше клучен момент за неговиот лош пласман на крајот бидејќи после тоа менување можеше да искочи понапред и таа грешка со перез можеби и немаше да се деси.
Све на све добра, возбудлива трка поради условите иако можеше и да биде подобра нарочито да не ја поебеше и Макс па и он да се бореше за висок пласман.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
После пак да се јадат каки за Фетел :smirce:
Па ќе се јадат кога ќе заслужи :) Ама оваа трка му се признава ја извозе без грешка, одлично се бранеше од Хамилтон, од Макс, перфектен старт, со два збора одличен перформанс денес тука нема муабет.

Ете, ти реков. Абе он е возачиште! Татино. :pos:
Имаше шанса да обели образ денес. Се жали имал нагла деградација на гумите. Ми падна жал на интервјуто кога го гледав цел скиснат. Вчера еуфорија денес депресија.


 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.762
Поени од реакции
14.027
Интересно како гумиве за дожд уствари колку повеќе губеа од шарката и стануваа мазни, толку подобри беа за возење на мокра патека што се суши. Пошто е ноември, а не јуни не можеше да се исуши патеката за 10-ина круга за да можат тимовите да стават гуми за суво.

Хамилтон и Перез после 50 кругови извозени, всушност имаа slick и wet пневматици во едно + предноста на гумите за дожд да одржуваат температура :pos:
Али во секој случај маестрално возење од Хамилтон, на предобар начин се изедначи со Шумахер. И фала богу покажа некоја емоција ебате мислев робот е :D

Ботас пред недела-две го бранев дека не е до толку БОТ ама очигледно е БОТИШТЕ, срамота беше ова денес.
Макс премногу нетрпелив и затоа изгуби победа/подиум. Ме потсети на Бразил 2018 кога се удри со Окон. Се уште нема научено како да биде трпелив и смирен, нешто што на пример го краси Луис кој знае дека шампионатот е маратон, а не спринт.

Чарсл јебига друже, Себ :kruna:
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.155
Поени од реакции
1.375
Ветел освен искуство и стрпливост не покажа некој перформанс денеска, Леклерк според мене беше далеку подобар од него, Ветел покрај добриот старт (му помогнаа за тоа и извртувањата на тие пред него) цела трка се бранеше и успоруваше некого менаџирајки си ги гумите и трката што на крајот му се исплати а и грешките на Макс, Чарлс, Строл му одеа во прилог
 

Kajgana Shop

На врв Bottom