Формула 1 - сезона 2020

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2020 ?


  • Вкупно гласачи
    71

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
25.979
Поени од реакции
26.668
super interesna i pred se vozbudliva sezona.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
10.151
Поени од реакции
7.603
Ботас мора до победа утре ако сака да се бори за титулата сезонава, повеќе во новото видео подолу


Ботас може да се бори за титула ако во болидот на Хамилтон седи Латифи

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
30
Поени од реакции
43
Ботас може да се бори за титула ако во болидот на Хамилтон седи Латифи

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
Не би рекол, многумина го потценуваат Ботас, но тој има калибар исто како и Розберг да го победи Хамилтон со истиот болид. Конзистеноста на Ботас му е ахилова пета, не брзината во болидот.
 
Член од
6 јануари 2020
Мислења
122
Поени од реакции
113
Нов викенд, исти нервози :D Хулкенберг разочара максимално...
Од Хулкенберг повеќе очекувам следниот викенд. Ова му беше прва трка послем подолго време, нема тестирано со овој болид воопшто и не е запознаен добро. Оваа трка повеќе му ја сметам како трка каде што ќе собере доволно искуство и ќе се адаптира подобро за следната трка.
Автоматски споено мислење:

 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
30
Поени од реакции
43
Од Хулкенберг повеќе очекувам следниот викенд. Ова му беше прва трка послем подолго време, нема тестирано со овој болид воопшто и не е запознаен добро. Оваа трка повеќе му ја сметам како трка каде што ќе собере доволно искуство и ќе се адаптира подобро за следната трка.
Автоматски споено мислење:
Да, очекувам од него солидна трка утре и уште подобар настап следиот викенд на истата патека
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
10.151
Поени од реакции
7.603
Не би рекол, многумина го потценуваат Ботас, но тој има калибар исто како и Розберг да го победи Хамилтон со истиот болид. Конзистеноста на Ботас му е ахилова пета, не брзината во болидот.
Ботас може да извози 2 круга подобро од Хамилтон, останатите 68 ќе биде зад него
 
Член од
6 јануари 2020
Мислења
122
Поени од реакции
113
Ботас само со Ковалаинен може да се спрореди кога станува збор за возачи со кој што Хамилтон се тркал во ист болид. Но, морам да признаам дека Ботас е еден од најдобрите возачи кој што се таму како подршка. Цело време е доволно позади Хамилтон за да му помага кога тоа е потребно, и тоа го право на извонреден начин.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
11.268
Поени од реакции
11.961
Ботас не е воопшто лош возач како што го правите, кој втор возач бил толку константен како него? Да не е Хамилтон он би освоил минатата сезона и оваа лаганица. Му фали само онаа самодоверба што ја имаше Росберг да ги превземе конците у своја рака.
 
Член од
6 јануари 2020
Мислења
122
Поени од реакции
113
Како втор возач е стварно одличен, поради тоа е и уште во Мерцедес. Ептен им одговара Ботас како втора виолина на Хамилтон. Иначе не викам дека е генерално лош возач, само дека е послаб од сите други со кој Хамилтон се тркал во ист болид освен Ковалаинен. Можеби може да се споредува со Росберг до некаде но според мене му фали агресивноста на Росберг. Росберг многу пати го има предизвикано Хамилтон на директен дуел додека Ботас некако пасивен. Кога сме виделе асална борба Ботас vs Хамилтон? Не се сеќавам најискрено. Али секогаш е доволно блиску за да му помогне кога му е потребно, поради тоа е многу добар втор возач.

Лош втор возач на пример ти е Гасли и Албон. Не може Албон да му помогне на Верстапен кога е надвор од пит стоп разлика.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2010
Мислења
761
Поени од реакции
822
Не дека е лош втор возач Албон, туку ретко има шанса да му помогне зато што е најчесто далеку од Макс во трка, Гасли исто. Е Рикиардо беше (или би бил) лош втор возач на Верстапен, тој секогаш беше тука негде околу него ама не го тинтраше.
 
На врв Bottom