Формула 1 - сезона 2012

Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Не заборавај, Росберг имаше една победа.
Да, дојде до првата победа во Ф1 и тоа е за поздрав. Ама како што напоменав, тоа беше во тој период од април до јуни, каде покрај победата бележеше добри резултати и на другите ГПија. Но се' останато е бунар. Џабе победата кога Грожан пак е над него. Плус тоа, споредба и фаворизирање во однос на Батон - Bitch please. Има уште да цица Нико ..
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Нико во Вилијамс беше екстра,имаше многу голема констатност скоро секоја трка влезе во бодови додека неговиот клубски колега Накаџима немаше ниту еден бод.
Во Мерцедес барем го победи Шуми на генерален пласман сите три сезони сеуште има Нико голем потенцијал и покрај тоа што е малце отапен.
Наредната година најубаво ке видиме како стои со перформансот поради тоа што верувам дека Мерцедес ке извадат конкурентен болид не за џабе толку пари платија за Хамилтон мора да извадат добар болид а и доста го брукаа името Мерцедес.
Е против Хамилтон во конкурентен болид најубаво ке видиме како стои Розберг.
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
Кога беа на патеките Сена, Прост, Менсел, Пике тогаш Шумахер едвај две победи оствари...Пол позиции 0. Да не прајме муабет за борба за титула!!! Но кога се пензионираа тие возачи и кога загина Сена 1994-1995 немаше ниту еден шампион на патеките и тогаш Шумахер лесно ги освои двете титули. Од кои 1994 со Кукавичко или подмолно туркање на Дејмон Хил во Аделаида...

Но Фетел освои титули во време кога на патеките имаше по четири, а оваа сезона дури пет шампиони.
Кога беа они на патеката Шумахер немаше толку конкурентен болид како Бенетон или Ферари со кои ги освои титулите па тоа не мора ништо да значи. И ако не загинел Сена или другите не се пензионирале е "шо ќе било ако било" сценарио кое никогаш не се случило. Всушност во првите 2 трки во 94 Шумахер имаше подобри перформанси од сена...

Јас се согласувам дека Шумахер немаше некоја конкуренција(Единствено Хакинен шо би бил во топ 20) но тоа не му ги засенува сите рекорди кој ги направи.

Не ми се верува дека го читам ова. Го почитувам Нико, во постабилен и поконкурентен болид можеби и ќе се покаже во вистинско светло, ама за сега не е ништо специјално, посебно не во однос на Џенсон - кој има титула зад себе, еден кубик искуство и според многумина еден од најголемите тактичари во Ф1 (ако ја гледаше вчера трката знаеш за што зборувам)

Пред некоја недела дискутиравме и ја сумиравме сезоната со еден другар, па стана збор и за Розберг. Рака на срце, ако се земе пошироката слика, Нико сезонава беше послаб во однос на лани и се изгуби во однос на Шуми - стариот имаше добри дуели и камерата 100 пати повеќе го фаќаше. Моментумот го имаше од кај април до јуни месец, тоа ти се некои 5-6 трки. Бележеше добри резултати и се држеше високо во генералниот пласман, ама се' останато е фејл за Нико годинава. Неколку факти и статистики само да ти ја отсликам состојбата :

- Нико заврши 9ти во генералниот пласман
- Просечна финиш позиција за 2012 му е 10.95 (скоро 11)
- Сезоната ја заврши со под 100 освоени бода
- Хиената Грожан, со 4 откажувања повеќе од Нико - заврши 3 бода над него
Мислам дека Розберг е многу подценет. Во 3те сезони го победи Шумахер во сите можни катагории победи,квалификации,подиуми,поени и така натаму. До година ќе има шанса да го видиме во подобро светло доколку Мерцедес има нешто подобар болид(барем на ниво на Лотус),милсам дека ќе има многу добри резултати и дека ќе добро ќе го притисне Хамилтон (кој веројатно ќе има повеќе поени). Батон е добар возач и за разлика од Хамилтон е смирен(или тактичар како шо викаш) но сепак мислам дека тоа шо Розберг го направи досега во Вилијамс и Мерцедес го става пред Батон.​
Лотусот имаше подобри перформанси годинава и Грожан е добар возач кој треба да поработи на менталитетот и има добра иднина. Мислам дека и на квалификациите беше подобар од Кими годинава и половина од ударите не беа негова вина. И 9то место е доста добра позиција за таков болид. Тој беше само зад најдобрите 8 возачи со најдобрите 4 болида и пред сите други.​
Но како и да е тука некаде се и двајцата зад Фетел Алонсо Раиконен и Хамилтон.​
 
Член од
5 октомври 2012
Мислења
92
Поени од реакции
53
Квалификации е едно, трка е друго. На трка се освојуваат бодови а тука Кими се покажа.
Добар е Грожан, ама не му предвидувам ништо посебно, многу невојли навлекува на себе. А и не верувам дека ке се смени. Кога ба Хамилтон не му го сменаа менталитетот, нема ни него.

Розберг го надмина Шумахер во се, ама на моменти се губи. Ако правиме такви споредби, за мене Нико Хулкинберг ке биде во најдобрите возачи, ама не е:D
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Грожан е брз воопшто не е спор но неискусен возач е не знае како да се справи во дуели и поради тоа прави толку пиздарии.
Сепак нема искуство позади него може да научи нешто од оваа сезона и од наредната да гледаме сосема друг Грожан,освен ако не му дадат отказ и да ангажираат нов возач за 2013.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.459
Поени од реакции
10.156
Колку ми е мака за Кими шо вози у Лотус бе чоече.
Не пратам формула од кога Кими отиде да вози рели или шо беше тоа.Моеби се враќам следната сезона со активно гледање.

И најинтересни ми се тие споредбите кој е подобар,Алонсо или Фетел? Не е битно,зошто Кими е појак и од двајцата ;)

ПС:Ќе остане у Лотус,или ќе иде у друг тим ?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Да, дојде до првата победа во Ф1 и тоа е за поздрав. Ама како што напоменав, тоа беше во тој период од април до јуни, каде покрај победата бележеше добри резултати и на другите ГПија. Но се' останато е бунар. Џабе победата кога Грожан пак е над него. Плус тоа, споредба и фаворизирање во однос на Батон - Bitch please. Има уште да цица Нико ..
Ова и ми беше муабетот... чиста 20-ка има земено, а се на се има 100 бодови. Или 1/5 му е со таа победа.
--- надополнето: 26 ноември 2012 во 22:58 ---
ПС:Ќе остане у Лотус,или ќе иде у друг тим ?
Ќе остани
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Ќе остане у Лотус,или ќе иде у друг тим ?
Потпиша за Лотус и наредната сезона.
Можеше да си вози во Мекларен наместо да оди во рели но не прифати да вози за 17 милиони годишно он бараше минимум 25.
И го земаа Батон за 10 :D
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Ова и ми беше муабетот... чиста 20-ка има земено, а се на се има 100 бодови. Или 1/5 му е со таа победа.
--- надополнето: 26 ноември 2012 во 22:58 ---
Ќе остани
Correction - 25 ! Повеќе од четвртина бодови му се тоа, само од Кина.

Плус-минус муабетот е тој. Има (можеби) потенцијал во Нико и од него тек треба да го гледаме најдoброто, ама сега за сега е доста резервиран и е во план Ц. Немаше да ја отворам дискусијата да не ја приметев споредбата со Батон, посилно беше од мене .. :D

Инаку догодина сезоната за Нико сигурно ќе биде make or brake. Мерцедес имаат долгорочни планови со Луис и ако малиот не се наметне и не покаже заби уште од почеток, ќе остане само добар бек ап, втор возач кој ќе се бори за некој бод повеќе во конструктори и крај приче.

ПС - Отслика : 75 поени (од вкупните 93) ги има освоено од Кина (15ти април) - до Валенсија (24 јуни). Тоа се 6 трки по ред. Од останатите 14, ОЧАЈНИ 18 поени !
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Кога беа они на патеката Шумахер немаше толку конкурентен болид како Бенетон или Ферари со кои ги освои титулите па тоа не мора ништо да значи.
A што пак ако имаше конкурентен болид како Вилијамс Рено или како Мекларен??? Сигурно ли во тој период од 1991 до 1993 ќе земеше ли 3 титули а???
Всушност во првите 2 трки во 94 Шумахер имаше подобри перформанси од сена...
Имаше подобри перформанси од Сена бидејќи на првата трка на Сена 1994 некоја будала го чукна, а на втората му откажа менувачот...
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Кои битни промени ќе им за следна сезона освен Хамилтон?
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
A што пак ако имаше конкурентен болид како Вилијамс Рено или како Мекларен??? Сигурно ли во тој период од 1991 до 1993 ќе земеше ли 3 титули а???
Ни Фетел не би можел па така не ја сфаќам споредбава.

Имаше подобри перформанси од Сена бидејќи на првата трка на Сена 1994 некоја будала го чукна, а на втората му откажа менувачот...
Ако памтам добро на првата трка Шумахер го стаса Сена па после тоа он имаше технички проблеми а на втората Хакинен го удри Сена после моментот кога Шумахер го престигна Сена.

Па така во првите две трки Шумахер беше подобар и ништо не гарантираше дека Сена може да ја освои титулата.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.156
Поени од реакции
1.376
Па така во првите две трки Шумахер беше подобар и ништо не гарантираше дека Сена може да ја освои титулата.
Па Дејмон Хил кој беше втор возач во Вилијамс и помалку искусен од Сена истата таја година за само 1 бод не ја зема титулата по контроверзното удирање од страна на Шуми, а велиш ништо не гарантирало дека Сена можел да освои титула
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Што би било кад би било тапа муабети и тапа споредби,Шуми vs Сена.
Неможеме да знаеме,кога загинал Сена почнала нова ера во Ф1 со сосема различни болиди и тука нема споредба,они двајца се немаат асално тркано никат и тапа компарација правиме што не можеме да знаеме.
Но еве според мене во ерата на Сена требало многу повеке муда него откако он загинал и има многу повеке покажано,појаки дуели и таканатака па според мене Сена е подобар но за кого како.
Сепак ни ова моето не е достојна споредба поради тоа што не сме го виделе Шуми во ерата на Сена против Прост,Менсел,Пике во сосема други болиди кој биле потешки за возење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom