Не ми се верува дека го читам ова. Го почитувам Нико, во постабилен и поконкурентен болид можеби и ќе се покаже во вистинско светло, ама за сега не е ништо специјално, посебно не во однос на Џенсон - кој има титула зад себе, еден кубик искуство и според многумина еден од најголемите тактичари во Ф1 (ако ја гледаше вчера трката знаеш за што зборувам)
Пред некоја недела дискутиравме и ја сумиравме сезоната со еден другар, па стана збор и за Розберг. Рака на срце, ако се земе пошироката слика, Нико сезонава беше послаб во однос на лани и се изгуби во однос на Шуми - стариот имаше добри дуели и камерата 100 пати повеќе го фаќаше. Моментумот го имаше од кај април до јуни месец, тоа ти се некои 5-6 трки. Бележеше добри резултати и се држеше високо во генералниот пласман, ама се' останато е фејл за Нико годинава. Неколку факти и статистики само да ти ја отсликам состојбата :
- Нико заврши 9ти во генералниот пласман
- Просечна финиш позиција за 2012 му е 10.95 (скоро 11)
- Сезоната ја заврши со под 100 освоени бода
- Хиената Грожан, со 4 откажувања повеќе од Нико - заврши 3 бода над него