Формула 1 сезона 2010

Член од
13 август 2009
Мислења
9.541
Поени од реакции
5.769
Да ме убиете не мислев дека Алонсо ке биде прв денес, но ете згрешив... Утре, ке биде доста интересно на стартот... Зад него е Батон, кој како што знаеме Мекларените се доста брзи на правци, а правецот утре, од стартот до првата шикана е доволно долг за да овозможи се и сешто да се случи.. Малце повеке храброст од Батон, и се е можно...

Да не должам многу јас... Еве како мислам дека утре би завршил подиумот... Алонсо, Батон и Хамилтон... Само не сум сигурен кој ке биди распоредот.. По мене, мислам дека Батон ќе биде прв, Алонсо втор и Хамилтон трет


Поздрав
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.590
Поени од реакции
6.952
Алонсо ПП, браво за шпионот .. Само он спушти под 1.22 ! - РБ не беа тоа-тоа, според очекувањата, ама каде ли црни Хамилтоне се најде баш помеѓу нив. Мене искрено таа П5 на Луис меѓу 2та криласти не ми се свиѓа, ќе го убијат$ идиотиве. Батон ко гром од ведро небо ќе стартува од први ред, а позади е Фелипе. Густ распоред во првите 3 реда .. Све је могуче.

Ако се оди како подмачкано јас типувам 2.Хамилтон - 1.Алонсо - 3.Батон
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Алонсо ПП, браво за шпионот .. Само он спушти под 1.22 ! - РБ не беа тоа-тоа, според очекувањата, ама каде ли црни Хамилтоне се најде баш помеѓу нив. Мене искрено таа П5 на Луис меѓу 2та криласти не ми се свиѓа, ќе го убијат$ идиотиве. Батон ко гром од ведро небо ќе стартува од први ред, а позади е Фелипе. Густ распоред во првите 3 реда .. Све је могуче.

Ако се оди како подмачкано јас типувам 2.Хамилтон - 1.Алонсо - 3.Батон
Хамилтон во последниот круг малку заеба на првите свиоци... затоа и позицијата, инаку ќе беше некаде околу Батон. И да... само ситуацијата се усложнува, што значи интересна битка ќе има до крајот на шампионатот.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.764
Поени од реакции
44.114
Пиши пропало за Хамилтон, многу наивно уште у прв круг остана со зеро бодови ....
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Супер супер за Хамилтон.Него ќе има сега јака борба до крај на бившите светски прваци.
 

krstenik

first things first
Член од
24 август 2009
Мислења
525
Поени од реакции
21
Добар пит на Алонсо. Добра тактика на Ветел. Се надевам ќе остане вака неизвесно на табелите до крај.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.590
Поени од реакции
6.952
Јамамото го одлучи победникот !!:vozbud:

Хехехехе .. Мала шала. Тесно беше за време на сите 53 круга, збиени цело време Батон на чело и 2те Ферарија. На стартот Џенсон го фати водството, но Фернандо не го пушти и му дишеше во врат 40 и нешто круга, по што го за влакно го помина преку боксовите. Браво за шпиончето кое сега the new big shot меѓ жабариве :) .

Луис откако го ќари Вебер на стартот, како напален средношколец насрна на Маса ииии Ел Кондор Паса - 2007 reload:tapp:. Фетел направи супер потег со влегување во бокс на 2 круга пред крај, со што заврши на П4. Не баш нај нај трка на Монца, каде на подиум не се најде ниту еден од водечките 2ца, со што кашата дополнително се замати.

Летимо у Азију !! - РБ ќе колат таму :nesum:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Правилото со влегување во бокс барем еднаш да си го напикаат в газ Берни и компанија... Зошто Ветел МОРАШЕ да влези во бокс барем еднаш? Кога извози 50 круга на меки гуми, гарантирано можеше уште 1.

Одличен старт за Батон, но сепак неможеше да издржи да го прати Алонсо по боксот. Некако Ферари имаше повеќе брзина. Мислам дека Батон да го имаше сетапот на Хамилтон ќе победеше. Но, што е тука е, цела среќа што Вебер не освои многу бодови, па остана минимална разликата со Хамилотн. Ќе се јадат :)
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.541
Поени од реакции
5.769
Лошо лошо за Луис... Иако навивам за него, направи наивна грешка, која го чинеше доста бодови... И дури беше можно пласман мегу првите тројца, но тоа е негова прва возачка грешка оваа сезона, иако имаше и два откажувања сезонава... Е сега, лошото е што Монца беше трка на Мекларен, но ете... Ќе мора да се надополнуваат до крај со бодови... Следи, Сингапур, а таму предвидувам, уште од сега, 1-2 победа на Ред Бул..

Честито за Алонсо, и до крај ке гледаме трилер завршница...
 

Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
1.022
Поени од реакции
637
Супер што Алонсо си ги задржа шансите за титула, се надевам ќе ја освои на крај.
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.409
Поени од реакции
2.517
Одличен викенд за Ферари...доминантни цел викенд,заслужена победа.А и битката за титулата се зголеми
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Еми касно им текна дека сеуште ништо не е готово, срамота ќе беше и на Монца да останеа со празни раце.
Добро е што Хамилтон не зема ништо, сеа уште во Сингапур Алонсо и Батон да го повторат успехот и последните 4 ќе бидат пеколно возбудливи.
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
Ако се покаже алонсо во сингапур има шанси да земе титула, ама сега секоја трка е битна за сите тимови. А три тима се во игра така што дополнителен притисок е што мора грешките да се минимизираат како возачки така и на болидот.

Битно е интересно првенствово.

Форца Ферари
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.590
Поени од реакции
6.952
- Кам-бек на германецот во Ф1. Ник Хајдфелд ќе ги вози последните 5 трки за старо-новиот му тим БМВ Заубер, на местото на Педро де ла Роса.
http://www.formula1.com/news/headlines/2010/9/11257.html


Фала Богу да му текне на некој да го врати овој одличен возач на патека. Скапа во питот на Мерцедес како трет возач ццц .. Секако ќе покаже подобри резултати од Педро, да не ја спомнувам серијата што имаше од 40 и нешто по ред завршени ГП трки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom