Формула 1 сезона 2008

Кој ке биде шампион во 2008?

  • K.Raikkonen

    Гласови: 65 32,7%
  • F.Massa

    Гласови: 54 27,1%
  • L.Hamilton

    Гласови: 70 35,2%
  • H.Kovalainen

    Гласови: 0 0,0%
  • F.Alonso

    Гласови: 4 2,0%
  • N.Piquet Jr.

    Гласови: 2 1,0%
  • R. Kubica

    Гласови: 4 2,0%
  • некој трет...

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    199

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Дедо Еклстоу официјално објави дека на патеката Magny-Cours за големата награда на Франција сезонава ке и биде последна. Тоа предизвика остри реакции од власта во Франција, па Берни смируваше со изјавите дека Ф1 ке се врати во 2010 на Париското Гранд при, кое допрва ке се гради и можно е да гледаме Ф1 трки по Париските улици, слично како Монако, но со повеќе делови каде ке има можност за претекнување.
 

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.268
Поени од реакции
1.091
Ех, штета Magny-Cours беше убава и интересна патека и мене многу ми се допаѓање. Инаку трка низ Париските улици? Хм... ај да видиме како ќе го изведат тоа, само се надевам дека ќе биде добра за претекнување, наспроти таа на Монако каде што најважна е пол позицијата за да се дојде до победа.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Победа за Хамилтон и искачување на првото место во генерален пласман, по дождливата трка во монако. Стартоваше како трет, зад двоецот на Ферари Кими и Маса, и веднаш успеа да го помине Кими. Во 6-тиот круг имаше контакт со оградата кој му донесе предвремен пит стоп. Но, лошото време дозволи да се врати како 5-ти со полн резервоар. На крај успеа да му направи разлика на Маса дури 30 секунди, а во ист круг останаа само 6 возачи. Но излетувањето на Розберг на 11 круга пред крај и воведување на Safety Car ја намалија предноста на 0. Се на се одличен викенд за Хамилтон, но лош за Ковалаинен. Откако неуспеа да тргне на загревачкиот круг, мораше да трката да ја започне од боксот. На крај стигна до 8-мо место и 1 бод.

Кими започна катастрофално. Откако беше поминат од Хамилтон на стартот, заработи и drive trough penalty за ненавремено монтирани пневматици. (има правило кое вели 3 минути пред старт сите возила треба да имаат пневматици кое Кими и неговите механичари го подзаборавија). Се мачеше во текот на целата трка, за на крај по излетувањето на Розберг да дојде до 5-тата позиција. Пред него беа Адријан Сутил, Маса, Кубица и Хамилтон. Но, неговата возачка грешка беше причина за удар во задниот дел на Сутил (кој беше толку блиску до 4-тото место и 5 бода) кој се откажа, а Кими мораше во бокс по нов преден спојлер. Сето тоа го чинеше завршување на 9-то место и губење на водечката позиција во шампионатот.

Маса исто така имаше една грешка, при која го загуби второто место од Кубица, кое подоцна преку боксовите успеа да го врати за кратко. Но одличниот Полјак не се предаваше, така да на крај по последното застанување на Маса во пит успеа да излезе пред него. Изненадувањето на викендот ке беше Сутил но неговата среќа едноставно не го следеше, па местото му го препушти на Фетел кој заврши како петтопласиран, и успеа цела трка да ја помине без инцидент.

Најинтересниот дел од трката беше тоа што иако дождливо време, без контрола на тркацијата по тесни улички во кои нема простор за излетување, една мала грешка= удар во металната ограда, само 6 болиди не успеаа да завршат.

Конечниот пласман изгледа вака:
1. Хамилтон
2. Кубица
3. Маса
4. Вебер
5. Фетел
6. Баричело
7. Накаџима
8. Ковалаинен

Генерален пласман:
1. Хамилтон 38
2. Кими 35
3. Маса 34
4. Кубица 32
5. Хајдфелд 20
6. Ковалаинен 15
7. Вебер 15

Во конструктори Ферари 69, Мекларен 53, БМВ Заубер 52
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Јас уште си ја чекам првата победа на Кубица. како и да е, сега е на само 6 бода од првиот :)

Мислам дека после Хамилтон и реално извозе најдобро пољакот. Многу мирно, цело време беше побрз од Маса, но патеката е таква што не му даде шанса уште порано да го претекне и да се обиде за напад на Хамилтон

Интересна трка во секој случај...
 
F

fantomX

Гостин
Јес!!! Браво Кубица!
Требаше прв да е, ама арно е и вака...
 

pirlo21

којотот
Член од
12 јануари 2008
Мислења
2.052
Поени од реакции
2.055
Пред се интересна но и долга трка која траеше 120 минути па затоа не се ни извозеа планираните 78 круга него се возеа 120 минути, што отприлика беше негде 74-5 круга. Како и да е Хамилтон заслужено победи, и прв си е у пласман.
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Да го тииит ферари изгубии...ама титулата не ни бега и таа година :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.496
Што не победи Ферари, не победи, криво ми е , ама радосна сум за Кубица, се труди момчето навистина, се пробива нагоре. Мислам дека би требало некој ден да го заземе местото на Маса во Ферари.
 

pirlo21

којотот
Член од
12 јануари 2008
Мислења
2.052
Поени од реакции
2.055
Што не победи Ферари, не победи, криво ми е , ама радосна сум за Кубица, се труди момчето навистина, се пробива нагоре. Мислам дека би требало некој ден да го заземе местото на Маса во Ферари.
Или на Ковалаинен следната година:smir:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.496
Да, тоа би било поверојатно да се оствари, со оглед дека Ковалаинен не се снаоѓа баш најдобро кај сребрените.
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.467
Поени од реакции
5.439
Конечно да победи Хамилтон ... да му се мноЖат победите :too:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Инаку најновиот трач е дека Алонзо потпишал за Ферари незнам точно за која сезона 2009 или 2010. А шпекулациите велат дека највероватно Ферари се спремаат за нов шампион, бидејки според се Кими ке ги следи стапките на Мика. Со 30 и некоја година, и 1 титула (уште 2 потенцијални) има големи шанси да се повлече од Ф1 и да ужива со жена му во она што го заработи изминатите години. Маса највероватно ке остане да му го чува грбот на Фернандо, кој сигурно ке бара да биде прв возач (и тоа написмено во договорот).
 
Член од
2 април 2007
Мислења
2.875
Поени од реакции
4
Инаку најновиот трач е дека Алонзо потпишал за Ферари незнам точно за која сезона 2009 или 2010. А шпекулациите велат дека највероватно Ферари се спремаат за нов шампион, бидејки според се Кими ке ги следи стапките на Мика. Со 30 и некоја година, и 1 титула (уште 2 потенцијални) има големи шанси да се повлече од Ф1 и да ужива со жена му во она што го заработи изминатите години. Маса највероватно ке остане да му го чува грбот на Фернандо, кој сигурно ке бара да биде прв возач (и тоа написмено во договорот).
hm!!



im ja skrshi kicmata na site lewis
cestitki
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Well done Lewis. Great job. Cogratulations !!!

Ovaa pobeda mu bese poveke od neophodna kako na Hamilton, taka i na McLaren za da im ja podigne samodoverbata i pobednickiot duh. Samo neka prodolzi taka, so maksmimalna koncentracija i vnimatelnost, rezutatite ke idat sami po sebe ... !!!* ;)
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
163
Поени од реакции
29
Ако Рено направи конкурентан болид (надам се) Алонсо остаје у Реноу.

Што се саме трке тиче мислим да само стицајем околности (киша) Мекларен се боље снашао, Ферари је у предности и има бољи болид.
Хамилтон још треба да учи и учи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom