Победа за Хамилтон и искачување на првото место во генерален пласман, по дождливата трка во монако. Стартоваше како трет, зад двоецот на Ферари Кими и Маса, и веднаш успеа да го помине Кими. Во 6-тиот круг имаше контакт со оградата кој му донесе предвремен пит стоп. Но, лошото време дозволи да се врати како 5-ти со полн резервоар. На крај успеа да му направи разлика на Маса дури 30 секунди, а во ист круг останаа само 6 возачи. Но излетувањето на Розберг на 11 круга пред крај и воведување на Safety Car ја намалија предноста на 0. Се на се одличен викенд за Хамилтон, но лош за Ковалаинен. Откако неуспеа да тргне на загревачкиот круг, мораше да трката да ја започне од боксот. На крај стигна до 8-мо место и 1 бод.
Кими започна катастрофално. Откако беше поминат од Хамилтон на стартот, заработи и drive trough penalty за ненавремено монтирани пневматици. (има правило кое вели 3 минути пред старт сите возила треба да имаат пневматици кое Кими и неговите механичари го подзаборавија). Се мачеше во текот на целата трка, за на крај по излетувањето на Розберг да дојде до 5-тата позиција. Пред него беа Адријан Сутил, Маса, Кубица и Хамилтон. Но, неговата возачка грешка беше причина за удар во задниот дел на Сутил (кој беше толку блиску до 4-тото место и 5 бода) кој се откажа, а Кими мораше во бокс по нов преден спојлер. Сето тоа го чинеше завршување на 9-то место и губење на водечката позиција во шампионатот.
Маса исто така имаше една грешка, при која го загуби второто место од Кубица, кое подоцна преку боксовите успеа да го врати за кратко. Но одличниот Полјак не се предаваше, така да на крај по последното застанување на Маса во пит успеа да излезе пред него. Изненадувањето на викендот ке беше Сутил но неговата среќа едноставно не го следеше, па местото му го препушти на Фетел кој заврши како петтопласиран, и успеа цела трка да ја помине без инцидент.
Најинтересниот дел од трката беше тоа што иако дождливо време, без контрола на тркацијата по тесни улички во кои нема простор за излетување, една мала грешка= удар во металната ограда, само 6 болиди не успеаа да завршат.
Конечниот пласман изгледа вака:
1. Хамилтон
2. Кубица
3. Маса
4. Вебер
5. Фетел
6. Баричело
7. Накаџима
8. Ковалаинен
Генерален пласман:
1. Хамилтон 38
2. Кими 35
3. Маса 34
4. Кубица 32
5. Хајдфелд 20
6. Ковалаинен 15
7. Вебер 15
Во конструктори Ферари 69, Мекларен 53, БМВ Заубер 52