Фолксваген се откажува од бензинецот ТСИ

Член од
21 април 2009
Мислења
139
Поени од реакции
16
Бензинскиот мотор на Volkswagen од 1.4 литри кој користи механички компресор и трубо полнач ќе престане да се произведува заради неговото прилично сложено производство и соодветно високата цена.

Инженерите на Volkswagen се убедени дека можат да направат мотор со нова технологија на трубо полнач којшто е способен да постигне подобри резултати при натполнење и тоа по многу пониска цена.
Актуелниот мотор од 1.4 литри со механичкиот компресор и турбо полнач се смета за „мајсторско остварување на стратегијата за користење на нови технологии за намалување на зафатнината кај моторите, т.н. downsizing”.
„Воедно овој мотор слободно може да се нарече дека е мотор на иднината,” заклучи жирито за избор на Мотор на годината. Жирито, 1.4 TSI на VW го прогласи за Мотор на годината во својата класа во 2009 и 2010 година.
Иако овој мотор се вградува во многу модели на групацијата VW и воедно го носи епитетот „мотор на иднината”, сепак според најавите и нема толку светла иднина.
/vozi.com.mk

КАКВА ШТЕТА!!!!
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Ова е за моделот 1.4 GT со 170КС! 1.2TSI, 1.4TSI остануваат...
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Ова е за моделот 1.4 GT со 170КС! 1.2TSI, 1.4TSI остануваат...
Ми се чини беше со 160кс не со 170кс...како и да е го укинуваат компресорот, а не турбо полначот. А дали е ова навистина заради големи трошоци е знак прашање :)
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Можи да е и заради проблеми со издржливоста... неможи да се кажи вака. Ако беше до трошоците, ќе ја кренеа и така набилданата цена шо ја плаќаат љубителите на VW логото и решен проблемот.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Богами од 1.4 мотор да извадиш толкава снага...
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
А и не гледам потреба од "downsizing" на моторите и беспотребно форсирање на силата од мала зафатнина. Има логика ако моторот се спрема за тркачка писта ама во реалноста освен минимално помали трошкоци за регистрација, многу посложена конструкција и повисока цена не гледам логика.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
БМВ во меѓувреме ќе воведат турбо бензинец од 2 литра со 245 КС и 350 Нм вртежен момент. Но, мислам дека е без механички компресор.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Ми се чини беше со 160кс не со 170кс...како и да е го укинуваат компресорот, а не турбо полначот. А дали е ова навистина заради големи трошоци е знак прашање :)
125 KW во мојата книга се 170КС!
:zver::music3::music3:
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
125 KW во мојата книга се 170КС!
:zver::music3::music3:
Не ти ја сфаќам поентава со смајливо друже?!
Во твојата книга како сака нека е, гледаме некаде го има и со 160кс а еве сега гледам 170кс, sorry :)
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Не ти ја сфаќам поентава со смајливо друже?!
Во твојата книга како сака нека е, гледаме некаде го има и со 160кс а еве сега гледам 170кс, sorry :)
Де бе...кажувам дека е ѕвер количето.

Како и да е, 125KW. 125KW се 170КС.

http://www.bikez.com/conv/power.php <- Еве ти конвертер...

Немој да се буниш со КС. Има различни стандарди ;) SAE,DIN,...

125 kilowatts (170 PS; 168 bhp) @ 6,000 rpm; 240 newton metres (177 ft·lbf) (MEP 21.7 bar) @ 1,750-4,500 rpm (200 N·m (148 ft·lbf) @ 1,250-6,000 rpm), rev limit: 7,000 rpm — BLG

Има и едно друго чудо. Не е сепак најјакиот од 170КС. Има и ПОЈАК!

Seat Ibiza Cupra 1.4 TSI - 133KW или околу 181КС!
 
Значи има повеќе модели со различна коњажа...118kw = 160hp :)
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Да, Голф 5 гт 1.4 е со 170 кс, истиот тој мотор во Голф 6 1.4 тси и во Широко 1.4 тси е со 160 кс.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Како и да е, штета! Баш ми се допаѓаа тие мотори. Решенијата што ги вметнаа навистина беа револуционерни. Ама 5-тата генерација Голф беше најскапата генерација за VW кога и да е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom