Фолксваген се откажува од бензинецот ТСИ

Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
БМВ во меѓувреме ќе воведат турбо бензинец од 2 литра со 245 КС и 350 Нм вртежен момент. Но, мислам дека е без механички компресор.
Хм, се чувствувам баш глупо што се воодушевував на овие бројки, без да знам дека ФВ веќе имале мотор со слични перформанси во Голф Р и Леон Купра (мислев дека е стариот 3.2 мотор). А, и тој мотор од Ибица Купра, и за него не знаев :kesa:

Значи се се сведува на отфрлање на механичкиот компресор... Има ли некои други произведувачи кои имаат мотори со турбо и механички компресор (а да не се “супер-автомобили“)? Можеби Мерцедес?
 
Член од
16 февруари 2008
Мислења
225
Поени од реакции
78
Чудно, баш денес прочитав дека ќе се прави Ауди А1 со тој мотор...

Моторот е одличен, сум имал прилика да возам Голф со баш тој мотор и немам лош збор...

Причината за прекинот на производството(ако се прекинува) и самите си ја кажале, финансиски е неисплатливо, а и покомплицирано за изработка и одржување. Попаметно им е само турбина да ставаат од сега натаму. Механичкиот компресор е прилично неефикасен во споредба со турбинскиот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom