Не ми се по мерак и двете репрезентации...
Посебно не Данците....
Која среќа ја имаа со нас,оттогаш им тргна се беше на нивна страна
и резултати од другите мечеви им се наместија,и среќата беше на нивна страна во одлучувачките моменти со Шпанците вчера....
Даваат гол на поставен блок...(голот на Хансен по завршувањето на првиот дел),минимум 10 топки им се одбија директно во раце по промашени шутеви,чист пенал за Шпанија во последниот напад превиде судијата.....
Секако не е само среќата фактор,и Шпанците сами се победија,колку само наивно ги губеа топките....
но среќата имаше улога во нивниот пласман и тоа голема улога...
Кога оди
ОДИ.....
Да имавме четвртина од среќата на Данците ќе бевме во полуфинале....
Кога една таква репрезентација има и огромна среќа тогаш е речиси невозможно да ги добиеш.....
Ако гледаме играчки тогаш Данска е во предност,барем на технички план...
Имаат за класа побрза игра,подотерана..
Сосема различни стилови на игра....
БРЗА ТЕХНИЧКИ ДОТЕРАНА ИГРА НА ДАНЦИТЕ((но не играат толку брз ракомет како на ланското СП,паднати се во ритам оваа сезона очигледно е,чкрипат)
И
БАВЕН-БИ РЕКОЛ ДОМАЌИНСКИ СТИЛ НА СРБИТЕ...
Полека но сигурно,се чека позиција за шут,да распалат топчиите,Илиќ,Вујин,Станковиќ......
И судир на една силна и јака одбрана на Србија,на чело со големиот Станиќ....
Но и Данците се научиле да играат одбрана(порано примаа многу повеќе голови)оваа сезона примаат далеку помалку голови,но и помалку даваат....
Доколку Србија го однеси мечот во дуел со малку голови,тогаш сите шанси се на нивна страна...
Ако се разбрани Станиќ,тогаш Данците ќе бидат во големи проблеми....
Реално Србите ја играат
НАЈДОБРАТА И ПРЕД СЕ НАЈЦВРСТА ОДБРАНА НА ПРВЕНСТВОТО...
Доколку Данците не излезат на крај со агресивната одбрана на Србите, тогаш тешко ќе им оди....
И вчера се изнамачија за чисти удари со Шпанците,а шпанската зона не беше толку агресивна и корпулентна каква шо е српската....
Повеќето голови беа под пасивен напад...немаат многу расположени шутери....
Освен Хансен(кој не е во форма,освен со нас,мамето негово)но е двигател на целата игра,сите топки кон пикер,крила ги дава тој,незаменлив играч........само Лауге Шмит е вистински шутер....
Могесен е среден бек и тешко ќе се снајди против една таква одбрана каква шо е српската.....
Очекувам тежок меч,со многу грешки....
Доколку Србите одат по стариот рецепт,со агресивност да го натераат данскиот тим да греши и да шутира избрзано тогаш победата би требало да е нивна..
Не се снаоѓаат добро под притисок Данците...
И секако,целата игра на Србите зависи од Илиќ..
Ако дава голови Илиќ Србија игра добро и победува..
Ако не,тогаш мачење...
Го загубија Шешум(наивно)
,сега остануваат само со Чутура на среден,и Станковиќ на десен ако треба да се смени Вујин.....
Бел Бумбар за победа на Србија...
Не за нешто друго,зошто ептен ги нејќам овие Данците,па подобро титулата нека оди на Балканот отколку кај грдите и среќни Данци....
.....