Зошто да гледаат ТВ?

По тракерите има најубава понуда по твој избор и вкус. Ниедна МК телевизија нема да го победи ова, па и да даваат оскаровци. Тие оскаровци ти ги имаш на тракер во оригинална резолуција во ФулХД. Имаш и УСБ, ХДМИ кабел или што и да е за да поврзеш компјутер со твојот ТВ ако ти е за да гледаш на поголем екран. Имаш и преводи за сите филмови. Бонус покрај резолуцијата и квалитетот, немаш реклами и имаш пауза/враќање назад опции!
Порано беше најгледана А1 оти уште не беше ерата на Интернетот и пиратеријата. Требаше да се изнамачиш за да изнајмиш или симнеш филм. Сега и мајки/татковци знаат да симнат филм, а тоа е 1 саат максимум, ако имаш катастрофа интернет.
Нека си останат турските серии за пензионерите, да има што да гледаат додека не се возат со ЈСП. Ич не треба да ни е гајле на нас младите, кога си имаме на располагање што сакаме - кога сакаме. Не треба да се лимитира човек на ТВ, лоши снимки, реклами и лејм преводи кога има подобро.