Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Ми се гледа комедија ама Зак Галифанкис беее.....понапорна појава здравје.
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Малку да се подвратам на Арго. Бен Афлек е одличен од 2007 па наваму, како режисер особено. Не знам дали уште е модерно да се хејта неговата глума која исто така ми е океј веќе подолго време.

Од дамна ми е во вочлист, чим на mrqe има 86 кај што баш и не се расфрлаат со високи оцени, би требало да е јак, и да направи 3 од 3 Бен како режисер. :)
Jeremy Jahns го следиш на јутуб? Сличен муабет сврти и тој во однос дека нема промаш Бен во неговата режисерска кариера.

Муабетот ми беше, би се осудил да речам и на негледано дека ова ќе е филм кој со нетрпение ќе го чекам и кој нема да разочара ни под разно. Вака така, се погоди 2012та.

Плус Bryan Cranston e во филмов. Мислам... :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.683
Поени од реакции
59.831
Не знам дали уште е модерно да се хејта неговата глума
Никогаш не ни здосадува :)
Ок, не е Николас Кејџ ама сепак е лош, ма да се му имам простено после Dogma , прејако филмче за да му наоѓам маани на Бен.
Како сценарист најмногу го почитувам поради Гуд Вил Хампинг, Градот и Гон Бејби. Треба да пишува повеќе.
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Никогаш не ни здосадува :)
Ок, не е Николас Кејџ ама сепак е лош, ма да се му имам простено после Dogma , прејако филмче за да му наоѓам маани на Бен.
Како сценарист најмногу го почитувам поради Гуд Вил Хампинг, Градот и Гон Бејби. Треба да пишува повеќе.
Хаха, кај ме потсети за Догма, морам да го изгледам пак во скоро време. Баш пред некое време го гледав клипчево:
:pos:


За другото сум согласен 100ка, Gone Baby Gone е ремек дело. Малку подзаборавен бисер на минатава деценија.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.683
Поени од реакции
59.831
Јес дека јас имам чуден вкус за комедии (ги мразам де, пошо се глупи, сит-коми си гледам) ама Догма ми е број 1 комедија на сите времиња, ја имам гледано едно 10 пати солзи ми течеа :)

Сајлент Боб рулз! (y)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.494
ЛОЛ ја дури сега гледам дак Брајан Крастон глуми во Арго, одма иде на данлоуд.

Eдит, уште да имаше торент...:rolleyes:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.494
Немој да те види Iosono само, смени го линкот со DVD колекција :D
 

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Некој добар филм со тепање. Како Jason Bourne ?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.683
Поени од реакции
59.831
Еве ти неколку предлози од Трендо:





Хеј, го гледав Матрикс! Боже, боже, колку напредувала тоа филмската техника од 'Девојачки мост' до сега! А и оној Нео брате! Па тоа тепа, тоа лета, тоа мама ебава! А ја ко копиљ верував - од Бад Спенсер нема појак. Добро, кога малку потпораснав, го трампав Бад Спенсер за Нико кој - како што знае секој 'љубител на Кишловски' - со години лежеше во кома на товар на даночните обврзници на САД за едно време да се освести, се избричи, го освои срцето на здравствената работничка, се врати во форма и.. и направи уште поголема штета по јавниот имот и сигурност на граѓаните!

Ех, како тој знаеше да мава шамари! Онака, најмаалски. Типов ќе му извадеше пиштол, Нико ќе го видеше тоа, ќе сложеше израз 'Е, сега ме изнервира, дури сега ќе го јадеш калапот!' и ќе тргнеше голорак и голобрад накај опасноста. Овој, наместо да пука како што налага логиката, одеднаш ќе почнеше или очајнички да запомага: 'Стој, стој... стој бе Нико да му се невиди, беља ќе направиме', или пак се обидуваше да ја олабави ситуацијата терајќи ја на шега: 'Пиштол имам - јајца немам, аџанак, баџанак...' Ама јок! Нико секогаш чекореше сигурно, како пратеник накај благајна. Ќе пријдеше, ќе му здрвеше на ајванот две три воспитни и ќе го исповртеше со оние 'мој те мота око плота' аикидо финти, смислени со единствена намера да му се збурботи на непријателот. На крај, уште со сатар ќе му ја скуцаше раката на ѕид, демек да не си ги чачка раните!

Каде е 'у свету томе' Брус Ли? Нормално, вон конкуренција. Затоа што Брус Ли не тепаше, Брус Ли страдаше. А страдаше затоа што беше принуден да ги тепа овие неразбраните! Како што може да ви каже секој локален 'почитувач на делото на Ингмар Бергман', токму тоа на Бруса најтешко му паѓаше. Пошто беше јак ко вол ама благороден ко шарпланинец. И знаеше дека 'ги има', знаеше дека може во секое време, што се вика, да им ја земе мерката. Ама баш затоа нејќеше. Оти беше Црногорец во душа. А тие велат, храброст е да се браниш себе од другите, а чојство - другите од себе. И затоа, Брус Ли секогаш прво пробуваше со арно. А не бараше многу. Бараше само едно поштовање да се има. 'Дајте бре луѓе да не се тепаме, дајте да бидеме пример како проблемите можат да се решаваат на мирен начин,' умееше рамковно да предложи во тие кризни моменти.

Ама, овие не би биле неразбрани ако би биле разбрани, јелда? Па му налетуваа во бранови, што се вика, во таласи. Тоа го принудуваше Брус Ли да се брани, односно да ги одбива нападите, некои со мајагери, некои со нончаки. Притоа, најинтересно беше да се следат оние кои не беа баш во епицентарот на тепачката па мораа без везе да се мотаат наоколу се додека и ним не им дојдеше редот да изедат ќотек до посирање. И откако сите ќе беа кутнати, му го пуштаа најјакиот, најлошиот. Оној што можеше да си ги мрда цицките како Џек Николсон веѓите. Џабе. Џабе!

Страдалничката природа у Бруса Лија највеќе доаѓаше до Ве - израз кога тој ќе се најдеше во историска ситуација некому со нозе да му го скрши вратот. Со своите две родени и праведни нозе! Во тие моменти, дилема од епски размери го разјадуваше нашиот јунак. Од една страна, неговото топло срце му велеше да му прости на скотот ама од друга, разумот му сугерираше: 'Што кур ќе му простуваш, да не му дојде памет случајно'? И тој решаваше да крши. Додуша, никогаш јасно не видовме што точно се случува ама по страшниот грч кој го зафаќаше лицето на Брус Ли, заклучувавме тој е, јеби га, разумен човек. Да речеме, некој што не е упатен во 'естетиката на Тарковски', од таквиот израз може да сконта дека во тие моменти на човекот всушност му ставаат пеницилинка во Млин Балкан. Али, што да ви кажам, разбирањето на уметноста бара извесни предзнаења.

И сега, јас како таков, пред некоја година налетувам на Матрикс. Нормално, тотално се шекнувам. Прво поради тепачките пошто, како што вели суптилниот филмски критериум на стариот мој: 'филм без тепање, не е филм!' А богами, ме дојми и онаа филозофска димензија која ти ја нуди ова филмско остварување а која може да ти помогне, да речеме, при запек. Па да си поверуваш дека ти уствари не се напињаш како што уствари се напињаш туку дека е тоа само заебана компјутерска програма која ти дава чувство на нормален живот додека твоето тело мирно чучи во некоја плацента хранејќи го лакомиот систем. И, фала на прашање, има редовна столица. Башка, по филмот, ми се врати чувството од оние години кога се враќавме од Кино Карпош реконструирајќи ги попат видените потези во 'У змајeвом гнезду'. И така просветлени се враќавме дома каде што некој од присутните Змаеви редовно не враќаше на земја со нивната оскаровска 'миј заби, облекуј пижами' реплика!

Елем, ваљда ви е јасно со каков жар ја чекав двојката. И што да ви кажам, да го гледаш Матрикс во кино Вардар е исто како да го слушаш Бетовен отсвирен на укулеле. Филмот доцнеше поради оние редовни "си ми седнал на местото - и мене ми седнале на местото - и сега што правиме - и сега седни било каде па ако те станат ќе ме станеш" ритуали. Пред платното лефтерно беше оставена некаква дрвена скала, веројатно за да можат чуварите на киното да му помогнат на Нео ако тој запне некаде со тоа летањето. Во салата имаше вкупно 4 атоми на кислород со кои, за жал, јас не стапив во контакт. И да не дрвам, финтата е што без разлика кој филм го гледаш во тоа кино, рецензентскиот впечаток секогаш ќе ти биде ист и ќе гласи: "Да ти ебам филмот, цел се здрвив". Иако, уште кога ги земав картите, требаше да ми биде јасно какво сајбер доживување ме очекува. Со истите тенки, розевки, перфорирани хартивчиња со нечитки штембили влегував и на филмовите со Бад Спенсер! И сега, демек треба да ми се појави дежа ву чувство кое демек ќе си го објаснам како во Матрикс? Не би сакал никого да разочарувам ама се ми се чини дека ние, во БЈР Матрикс, стварно се напињаме кога се напињаме.

.............................................................................................................



Од мене, пошо ова копуциве запнале дека Taken бил филмиште па сега ќе треба да ги трпам и за двојката, еве ти едно старо остварување на Шварци: Commando (1985). Со оглед на тоа дека и на двајцата им ги киднапираа ќерките, не знам шо толку народ се попали по Лиам Нисон, демек им рекол дека ќе ги најде и ги нашол. Гледај шо им прави Шварци и уживај :)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Кога би ги редел Мишн Импасбл филмовите според тоа како ми се допаднале распоредот би бил ваков:

1. МИ4
2.МИ3
3.МИ2
4.МИ1

Претпоставувам дека кога почнале да ја прават кватрологијава дека првиот филм сакале да го направат како четвртиот. Не им успеало ама парите ги натераа да го направат вториот. И вториот не е нешто посебно.
Е сега што ги терало после 2 просечни филма (според мене,од кој вториот подобар од првиот така да тој може малце над просек да иде) да прават 3 филм? (прашањево е малце хипотетичко пошто одговорот би бил парите)

И во врска со ова. Тој филмот со бебињата полицајци или што и да е што има два дела и двата имаат по 2.0 рејтинг на ИМДб.
Што мајка ги терало да прават втор филм после таков прв филм?
ШТО?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom