Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Што им е? На сите пари што ги зимаат, па и ќе поставуваат некои незгодни услови. Незгодни, за нас.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Незнаењето е благослов. Светот е поубаво место со сознанието дека задникот кој тукушто сте го виделе е на Мила Кунис. Замислете кој шок би го доживеал џимеј ако еден ден дознае дека Кирстен не била гола во Меланхолија а градите и се правени со специјални ефекти :)
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
А за Америве што знам. Пред некое време Wild Hogs им беше број 1 на бокс офисот така да по мое мислење не се некој репер за да кажат што е добро а што не е.

И да се сложувам, најдобрата глума актериве ја извадиле под притисок. Пример Херцог и Кински. Очи ке си изваделе ама пак Кински се враќал да снима филмови со Херцог.
Еднаш овој беше прв на бокс-офис
http://www.imdb.com/title/tt1014775/

Тој Кински бајги ненормален бил а

For The Record (гзето на Мила К.) :

:(
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Никогаш не сум пројавил желба да ја видам Кристинчето гола ама штом пројавила желба убаво за нејзе и нејзините фанови.

Сега сум поделен дал да го гледам филмот ил не. Од една страна bewbz, од друга страна сигурна депресија.
--- надополнето: 16 април 2012 во 03:39 ---
Еднаш овој беше прв на бокс-офис
http://www.imdb.com/title/tt1014775/
Долг пат поминала Џејми Ли Кертис од A Fish Called Wanda до ова.

Тој Кински бајги ненормален бил а
Пре би рекол дека Херцог би бил позаслужен за таа титула.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Незнаењето е благослов. Светот е поубаво место со сознанието дека задникот кој тукушто сте го виделе е на Мила Кунис.
Богами...избегавам на пр. да видам на што личат денеска Фиби Кејтс (Гремлини) или Миа Сара (Ферис Булер), кога ќе ги гледам пак филмовиве цело време ќе си мислам колку се остарени :) :)
Пре би рекол дека Херцог би бил позаслужен за таа титула.
Стварно, ја само за Кински иам слушано муабети...
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Стварно, ја само за Кински иам слушано муабети...
Колку што знам Клаус се пијанчел и правел проблеми на сетовите ама па Херцог многу, многу не му ги трпел неартикулираните однесувања. Мислам дека било за време на снимањето на Aguire кога некој локален поглавар на Индијанско племе му рекол на Херцог ако сака Кински да исчезне од лицето на планетата да му се обрати на него. Херцог рекол дека ке размисли. И двајцата биле забегани кога ке подразмислам убаво.
--- надополнето: 16 април 2012 во 04:26 ---
@Vlatko_Gjorce;

Не знам дали ти е гледан серијалот кратки филмови/реклами за БМВ, The Hire со Клајв Овен а секој филм е посебен за себе и е од различни врвни режисери и со врвни актери.
Овој подоле ти е ти е од Кар-Ваи и е со Мики Рурк, па мислам да сум ти погодил две работи.

--- надополнето: 16 април 2012 во 04:27 ---
Мене овој ми се допаднал инаку

 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Колку што знам Клаус се пијанчел и правел проблеми на сетовите ама па Херцог многу, многу не му ги трпел неартикулираните однесувања. Мислам дека било за време на снимањето на Aguire кога некој локален поглавар на Индијанско племе му рекол на Херцог ако сака Кински да исчезне од лицето на планетата да му се обрати на него. Херцог рекол дека ке размисли. И двајцата биле забегани кога ке подразмислам убаво.
Снимањево на филмов нешто како Апокалипса Сега :)

ГО имам предложено одамна серијалов БМВ на форумов во Предлог, а и сега брзо го спомнав пак у Кратки Филмови мислам, многу јаки кратки филмчиња, све познати режисери и глумци, нешто као утешна улога за Клајв Овен што не го земаа за Џејмс Бонд :) Тој од Кар ВАи пошто е поразличен од другите, у негов стил, тој со Олдман, Џејмс Браун, Мерилин Менсон :P и тој со Дон Чидл (подобар од многу долгометражни акции) ми се најдобри. А да, имаше и еден кога ќе вадат новинар од опасна зона мислам...
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Aguire ми е меѓу наомилените филмови. По нихилистички филм немам гледано. А Клаус си е фацка. На Италијанскиве цртачи на стрипови очигледно им бил огромна инспирација затоа што кат тад се појавува некој негативец со лик сличен на Кински. Исто така и ја има и едно од најдобрите перформанси во улога на Дракула, или Носферату во истоимениот филм на Херцог. Башка што и Изабела Аџани глуми таму т.е. Моника Белучи но нејзино време.
Него за Настасја Кински пред некое време читав артикал за нејзините подеми и падови и како кариерата толку и е мртва што во порно се појавила. Сега дали писателот е неинформиран или пак зајадлив ама на ниту едно место немало освен таму дека она во порно се појавила. Инаку жената има неколку благо еротски филмови зад нејзе па ако за тоа се мислело.

Баш пред некој ден правев муабет дека Клајв Овен е за Бонд створен. Огромна штета е што на него не му е дадена улогата.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Тууу у курац, колку позитивни рецензии за Холмс еи!

Само јас ли бев тој кој го гледаше James Bond во 1800тите? Запознаен со делата на Холмс, ова е типична америчка верзија, тепање, млатење, пукање, бркање...фан сум и на такви филмови, забавни се, но сакам да гледам и добар Холмс филм.
Дауни Џуниор мислам дека ми остави океј впечаток во првиот филм, но овде е отиден во курац едноставно, никаков стил, никакви инспекторски навики, само тепај, млати и трчај.

Страшно сум разочаран, очекував нешто повеќе...ама Гај Ричи очигледно знае да прави само еден вид на филмови.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Тууу у курац, колку позитивни рецензии за Холмс еи!

Само јас ли бев тој кој го гледаше James Bond во 1800тите? Запознаен со делата на Холмс, ова е типична америчка верзија, тепање, млатење, пукање, бркање...фан сум и на такви филмови, забавни се, но сакам да гледам и добар Холмс филм.
Дауни Џуниор мислам дека ми остави океј впечаток во првиот филм, но овде е отиден во курац едноставно, никаков стил, никакви инспекторски навики, само тепај, млати и трчај.

Страшно сум разочаран, очекував нешто повеќе...ама Гај Ричи очигледно знае да прави само еден вид на филмови.
И ја го гледав денес. Тапа невидена е филмов, ми се смачија двата саати гледање. Ко што викаш ти, само трчај, млати се, никакви дијалози. Катастрофа.

Искрено откако видов што направиле ББЦ со делото на Холмс и она што Бенедикт го направил со ликот, стандардите сосем ми се зголемија кога се работи за портретирање на делото на Холмс.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom