- Член од
- 14 ноември 2011
- Мислења
- 2.277
- Поени од реакции
- 4.314
Gache Претежно го хејтаат (пак) луѓето околу мене и Американците. Наводно филмовите му биле анти-американски. Интересно е што никогаш не е бил во Америка бидејќи се плаши да лета со авион. Што се однесува до актерите, точно односот спрема нив му е малку специфичен. Пример, на Никол Кидман и' советувал да не комуницира со останатиот дел од екипата. Исто, Бјорк за време на снимањето претрпела милион навреди и понижувања и затоа има изјавено дека Dancer и' е прв и последен филм. Сепак, позади ова најверојатно има некоја причина, колку чудно и да звучи. Крајниот резултат кој се добива од изведбата на актерите е секогаш неверојатен. Пример, најдобрата глума која Кидман некогаш ја прикажала според мене е во Догвил. Глумицата од Антихрист, Бјорк и Кирстен Данст зедоа награда за најдобра глума на Канскиот фестивал.