Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
луѓе,може ли некој да ми каже слични страници на оваа : http://www.nextmovie.com/ , каде што има интервјуа со глумци,глумици,интересни факти,нови вести,анкети итн итн...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.957
Поени од реакции
8.306
Предлог за Monkey Marathon! :)

Ако сте фанови на класичниот сај-фај серијал Planet of the Apes, новиот филм може да ве натера да ги ѕирнете уште еднаш старите. Ако не сте ги гледале старите, имате таман доволно време пред да излезе посаглам снимка од новиот.

1. Ако ја прифатите сугестијата за филмски маратон, потребно е да почнете од Planet of the Apes (1968), иако новиот филм е preaquel, на некој начин. Како што почнаа да ги изменуваат приказните, ќе се појави термин за она што јас го викам alternative prequal. Како и да е, потребно е да го гледате филмот со Чарлтон Хестон прво, затоа што новиот филм е спојлер, а штета е да го упропастите првиот дел кој има еден од најшокантните краеви во историјата на филмот. Од тие причини не треба да барате никаков линк за ИМДБ или било што друго освен за download.

Кратка содржина: група астронаути одат во вселенска мисија, но заглавуваат на чудна планета на која владеат интелегентни мајмуни кои зборуваат.

Филмот има мизерни ефекти но култен статус, како и целиот серијал има напредни идеи за тоа, па и за денешно време.

Такоѓе, римејкот на Бартон Planet of the Apes (2001) не чини, не го гледајте или барем оставете го за крај.

2. Rise of the Planet of the Apes (2011)
Сега слободно можете да го гледате новиот иако би препорачал да почекате да излезе барем R5. Јас лично ќе го гледам уште еднаш на R5 и уште еднаш на DVD :) Не викам дека е чудо од филм или мастерпис, едноставно многу го сакам серијалот и ме радува што филмот не е фијаско како она од 2001. Иако дејствието суштински се случува пред првиот дел има неколку поместувања. Прво, првиот дел се случува во 1972 година додека овој се случува во денешно време. Понатаму, изменета е приказната за настанокот на интелигентните мајмуни и тоа е една од работите која не ми штима. Во пракса, третиот и четвртиот дел се вистинските preaquel филмови на првиот и вториот. Заради спојлери нема да коментирам, но нивната приказна е многу посилна и ја движи целата приказна напред и назад низ времето.

Настрана тоа, ми се допаднаа многу работи во врска со филмов. Емотивен е, има приказна, има добар music score. Цезар е перфектно анимиран. Ефектите се одлични, даваат еден нов, динамичен Apes филм. Постои хемија помеѓу Франко и Цезар, повеќе отколку помеѓу Франко и женска му. Има неколку трибјут моменти за првиот филм, како „Тргни ги валканите шепи од мене, валкан мајмуне“ (славната реченица на Чарлтон Хестон) , прекарот „Bright eyes“ кој беше прекар на Хестон во првиот дел, сцените со кафезот и цревата со вода и една сцена со Хестон на ТВ. Исто така, уфрлени беа сцени кои би требало да го поврзат филмов со првиот дел или можеби со некој нов римејк на првиот дел. А тоа е веста за првата човечка експедиција на Марс која ќе ја снема во вселената (јасно е дека ова е мисијата на Хестон од првиот дел).

Кратка содржина: Барајќи лек за ајцхалмерова болест, докторот Вил Родман (Франко) тестира мајмуни по што ќе забележи промени во нивното однесување, и подобрување на интелегенцијата. Експерименти како експерименти на филм ќе излезат од контрола...

3. Beneath the Planet of the Apes (1970)
Се враќаме на оригиналната приказна. Според мене овој и последниот дел се најслабите од серијалот, но овој барем ја продолжува приказната. Започнува каде што завршува предходниот и оди до конечниот крај. Освен за некои анти-воени и наука Vs религија теми, како и за да бидете во тек со приказната, за друго баш и не е потребен. Значи филмот е must-see, но во друга смисла :)

Кратка содржина: астронаутите се обидуваат да се спасат од мајмуните но во нивното бегство по планетата наидуваат и на некои нови, еволуирани и можеби поопасни суштества...

4. Escape from the Planet of the Apes (1971)
Е ова е веќе вистинската работа, временски би се случувал нешто пред новиот филм, кога приказната би била иста.​
Кратка содржина: мајмуните Корнелиус, Зира и Мајло, инаку научници, го користат бродот на астронаутите за да побегнат и завршуваат во Њујорк каде што стануваат атракција, но мора да ја сокријат тајната... Цезар доаѓа некаде на крајот од филмот.​
Најдобро продолжение после првиот дел.​

Viva la (R)evolution! :) Ова продолжение е комбинација од новиот филм и I,Robot, со тоа што наместо роботи со вештачка интелегенција во случајов имаме мајмуни.​
Кратка содржина: нема да пишувам за да не правам спојлери на Rise of the planet of the Apes, иако приказните се разликуваат суштината е иста.​

Лошо продолжение, баш и не мора да го гледате. Ја остава приказната далеку пред почетокот на првиот дел, и тоа многу недоречено. И веројатно не на начин на кој што требаше да заврши. Ради реда, може да се погледне.​

Ова инаку требаше да биде рецензија на Rise of the Planet of the Apes (2011) ама решив малку да ја проширам. Ќе пишував и повеќе но тешко е да се избегнат спојлери. За класичниот серијал можам да кажам дека е must-see за сите sci-fi фанови, освен за оние кои под овој жанр подразбираат нови филмови базирани на ефекти. За поновите филмови (2001 и 2011) можам да го предложам вториот, додека првиот прави само непотребна забуна, има лоши карактери и дупки во приказната.​

Уживајте!


P.S.​
За Бенеамата и остали: Twelve Monkeys (1995) нема врска со овие :cool:
Браво за објаснувањево околу целиов серијал со мајмуниве ова ме натера да почнам да ги гледам сите по ред
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.623

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.683
Поени од реакции
34.186
I would totally watch her again (талахасе се клика)



Што се Франко тиче, ми беше дел глума, што мислам дека беше и поентата. Некој си недоквакан дечко тинејџер што е страмежлив и се слика со ајфонот. Ана премногу се трудеше некако, кежуал однос носи победа, без форсирање. Немам баш мислење за Марфи.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.623
Ја сум задоволен што Марфи ќе ги води Оскарите. Мислам дека ќе биде одличен, за оние што го сакаат, и никаков за оние што не го сакаат. Како и сите други. Освен Стив Мартин, него сите го сакаат.
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Што мислите за 28 days later и 28 weeks later? Прво се залетав по овој со неделите па среќа видов дека овој со деновите е прв дел зошто мразам прво гледање на втор па на прв дел. Вредат ли да се гледаат филмовиве, или првиот да а вториот не и такви ми ти рабоќе?
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Што мислите за 28 days later и 28 weeks later? Прво се залетав по овој со неделите па среќа видов дека овој со деновите е прв дел зошто мразам прво гледање на втор па на прв дел. Вредат ли да се гледаат филмовиве, или првиот да а вториот не и такви ми ти рабоќе?
Двата вредат. Англиска продукција, многу добра атмосфера е доловена. За мене се едни од најдобрите зомби филмови.
--- надополнето: Sep 6, 2011 11:46 AM ---


I know I know ... Avatar, Twighlight, Harry Potter, Lord of the rings...this.... it's all the same ...BUT I LIKED IT!!! :icon_mrgr:
.
Lord of the Rings го вброја заедно со Twilight, Avatar и овај шо го рецензираше?

I DON'T WANT TO LIVE ON THIS PLANET ANYMORE!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom