Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Може ли да не просветлиш со твојот став околу тоа што е поентата на филмот?
Баш ме интересира.
Филмот е забава човеку. Тоа што ќе те забавува а не да учиш нешто од тоа. Ко што знам на никого учењето не му е забава.

Филмовите се уметност и не е се добар филм но најважно е тоа што е забава за народот. Опуштено малце...
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791

Не викам дека не е забава... Ама забава по дефиниција не значи експлозии, специјални ефекти или секси актери... мене на пример ме забавуваат филмовите од Вуди Ален.
Поентата на филмовите никогаш не била забавување на масите... тоа е нов изум како жолтиот печат или риалити шоуата :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: CIL
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Не викам дека не е забава... Ама забава по дефиниција не значи експлозии, специјални ефекти или секси актери... мене на пример ме забавуваат филмовите од Вуди Ален.
Поентата на филмовите никогаш не била забавување на масите... тоа е нов изум како жолтиот печат или риалити шоуата :)
Се закопуваш све подлабоко пријателе.

Пред 50-60 години која беше поентата на филмовите, за да сега тоа биде забавување на масите?
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Ме потсети на времето ко го чекав Mars Attack во една видеотека "Манаки". Цел еден месец не го имаа вратено некои идиоти. :)
Имаше и една видеотека во мојава улица на времето ама само порничи издаваше комшијата. И вестерни.
Кој избор еј :ROFLMAO:, "што да гледам денеска, нешто со пукање или нешто со е*ење?". Вестерните му ги зимаше некој? :D
Иначе кој крш беше тоа, си замислил еден филм, овој ќе го гледам, идеш, го бараат по број, тензија се ствара, и ти вика - не е тука. Па ќе земеш некој што уопште не ти се гледал...
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Не викам дека не е забава... Ама забава по дефиниција не значи експлозии, специјални ефекти или секси актери... мене на пример ме забавуваат филмовите од Вуди Ален.
Поентата на филмовите никогаш не била забавување на масите... тоа е нов изум како жолтиот печат или риалити шоуата :)
Е не, за критичарите се прават филмовите. -.-
Како бе не била? Меѓу првите филмови се филмовите на Чарли Чаплин. Има скриени пораки за општеството секако но пред се е тоа да се донесе преку забава, народот да се забавува. Во кино идат луѓе да седат и да размислуваат? Не, одат да се опуштат, да уживаат. Ајде имуну на жута штампа, кажи ми ја поентата ако знаеш, зашто ваљда 6 миљарда луѓе на планетава не знаат.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
Кој избор еј :ROFLMAO:, "што да гледам денеска, нешто со пукање или нешто со е*ење?". Вестерните му ги зимаше некој? :D
Иначе кој крш беше тоа, си замислил еден филм, овој ќе го гледам, идеш, го бараат по број, тензија се ствара, и ти вика - не е тука. Па ќе земеш некој што уопште не ти се гледал...
Хахаха. Обично се мислеа "да гледам нешто пукање денеска или да гледам вестерн?"
Имаше многу вестерни што му се изнајмуваа. Ние како копиљаци пошо бевме ептен мали можевме да ги земаме само нив. Некогаш безвезе седевме кај него пред видеотеката и гледавме кој изнајмува порно. Немаа паковки касетите, само напред со бела лента залепени и напишани со пенкало.
После некое време комшијава почна сам да си ги менува насловите. Наместо "Беше еднаш на Дивиот Запад", тој изнајмуваше касета "Беше со двајца на дивиот запад". Ја изнајмуваше пак во истата секунда кога ќе му ја вратеа... После долго време сфатив дека типот знаеше што е бизнис... Си ја прошири видеотеката, го донесе Титаник за прв пат, донесе многу филмови ама сепак затвори меѓу првите кои се занимаваа со тоа. Не знам зошто, изгледа си фати некој нов бизнис, а и многу порничи никогаш не му беа вратени... :D
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.114
Наместо да мудрувате за поентата на филмовите ,пуштете си неко филмче и уживајте си. Пошо вака почнувате да наликувате на некои мудреци(од подфорумот филозофија) кои бараат поента на животот ,наместо да го живеат животот.

Околу филмчето кое ја покрена дискусијава- Целата франшиза на трансформери уште од најраното детство(цртаните) не ми беа/се по мој шмек,па затоа не ги гледам филмовите,затоа што знам дека ќе треба да кенкам после тоа непотребно во стил леле на каков крш го потрошив времето... За разлика од трансформерите, Captain america thе first avrnger , имам намера да го гледам (иако режисерот долго време тапка во просечноста) поради фактот што на некогашното нинтендо се отепав од играње на истоимената игра ....
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
Се закопуваш све подлабоко пријателе.

Пред 50-60 години која беше поентата на филмовите, за да сега тоа биде забавување на масите?
Пред 50-60 години преку филмовите на широките маси им се презентираа најгорливите прашања кои го засегаа/тероризираа општеството: правдата, слободата на говорот и религијата, расизмот, алкохолизмот, наркоманијата, важноста на човековите права, дискриминацијата, неверството...
Филмовите од тоа време беа најголемата критика за војните и укажуваа на последиците врз луѓето од истите.
Филмовите од тоа време беа силна критика кон глобалните политики, кон корпоративната моќ, кон нечовечностите и изживувањата врз луѓе кои се случуваа секаде во светот.
Филмовите од тоа време чукаа по идеолошките ѕидови, издигнаа една нова генерација на луѓе со поинакви сваќања, во космополитски, либерален и пацифистички дух.
Најпосле филмовите уште тогаш го најавуваа и предупредуваа за светот на гламурот, површноста и хедонизмот кој не очекува, а кој најпосле стигна... и тоа на голема врата.
Така филмовите ги забавуваа широките маси пред 50 години „докторе“, кога се знаело што е „поентата“ на филмот.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.337
Поени од реакции
30.691
the awkward moment when the biggest blockbuster haters defend people who watch blockbusters.
лично, сета таа трилогија трансформерс е разочарувачка, била блокбастер или не.
поарно цртаните трансформерс ќе ги гледам како старите добри времиња него ли некое глупо филмче за истите.
првиот дел беше делумно добар, ама вториов... ноу комент.
п.с. @ Dr. Manhattan никогаш не сум се палела на Инсепшн. your argument is invalid
 
најверојатно има мислено на црниот лабуд :) збунка не e грешка :D
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
Е не, за критичарите се прават филмовите. -.-
Како бе не била? Меѓу првите филмови се филмовите на Чарли Чаплин. Има скриени пораки за општеството секако но пред се е тоа да се донесе преку забава, народот да се забавува. Во кино идат луѓе да седат и да размислуваат? Не, одат да се опуштат, да уживаат. Ајде имуну на жута штампа, кажи ми ја поентата ако знаеш, зашто ваљда 6 миљарда луѓе на планетава не знаат.
Луѓето медиумски се дресираат, знам дека тоа многу добро го знаеш.
Мајка ми пред да почнат шпанските/турски/индиски серии во раните 90-ти се релаксираше гледајќи Лоренс од Арабија, Казабланка или Ла Долче Вита. Денеска, кога ќе и препорачам некој филм ми вика, мене ме релаксира Бандини и Шехерезада, сакам да си го одморим мозокот.
Тоа ми е поентата.
Медиумите, посебно телевизијата сега ја фаворизираат површноста, а луѓето (6-те милијарди луѓе кои ги спомнуваш) тоа го прифаќаат великодушно.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.337
Поени од реакции
30.691
најверојатно има мислено на црниот лабуд :) збунка не e грешка :D
лабуд, зелена милја, fight club, mulholland drive, amelie, уште неколку филмови со кои нејќам да го тупам.... you name it ама инсепшн не.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
Имате филмови, филмови и филмови...
Немам ништо против блокбастерите, но никогаш не сум ги гледал трансформери, ниту првиот, ниту вториот, мада треба да го погледнам делот со Меган :D
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Незнам зашто секогаш мора да се натпреварувате кој гледа "подобри" филмови, и зошто ги гледа истите а не некои други? генерална дискусија, не значи генерално натегање, демек (пример) ако јас дадам мислење за некој филм и го сврстам во лоши, а на некој друг му се допадне, тој ќе тргне по мој памет и од денес натака ќе има негативно мислење за истиот? едноставно get over it, се повтоврува истото натегање неколку пати.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.668
Поени од реакции
34.124
Од каде дојде до заклучок, мољим те Појол кажи, дека се согласувам дека филмовите треба да не учат нешто, кога напишав дека гледам блокбастери. Од твоите сум ало, не Интер дека се тапа, ама исто пишеме. Изгледа лошо си ме протолкувал, не јас не се страмам дека гледам, не сум се страмел и никогаш нема, пишав дека го добив впечатокот дека некој гледа вакви а се страми, дека се избацува Дарлинг и му вика немаш ти вкус. И овој се бедира.

Нема врска што преферирам даркерски или емо или како ги нарече :D Јас имам блокбастери повеќе изгледано од вакви. Hell, кога го предложи Battle: Los Angeles, само јас ти и уште еден го имавме гледано. И оваа новата у Трансформерс, не ја хејтам, реков дека е ради убавина, или како што кажа ти цицка ќе покаже, али Срцее ни влезе алоо знаете која е оваа? Од Викторија Сикрет е, со најубав маж! Одтаму и Дарлинг се избаци и го исхејта цел серијал, не само пичките, али жени како жени..

Јас сум универзалец, ценам секаков филм и на секаков давам шанса. Знаеш колку машки преку 18 го изгледале Тangled? Само јас и Мац. Али он уште се вади дека го симнал за сестра му. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom