Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.337
Поени од реакции
27.896
А, зошто мора да ги запишете сите филмови? Направете профил и запишувајте тоа што ќе гледате сега. Кога ќе наидете на филм што сте го гледале можете само да го обележите како гледан, немора да има оценка. Не бидете парти брејкерс, дојдете си со време.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.324
Поени од реакции
79.075
Ja имам и друг проблем, а тоа е што за да оперирам со тоа, мора да седнам на компјутер, пошто не користам смарт-фон.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
А, зошто мора да ги запишете сите филмови? Направете профил и запишувајте тоа што ќе гледате сега. Кога ќе наидете на филм што сте го гледале можете само да го обележите како гледан, немора да има оценка. Не бидете парти брејкерс, дојдете си со време.
И тоа помислив. Ама која е поентата на таков профил каде ги нема сите изгледани филмови, или барем 90%? Од друга страна, мислам дека ме мрзи после секој гледан филм да отворам Летербокс и да ставам оценки...
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.337
Поени од реакции
27.896
И тоа помислив. Ама која е поентата на таков профил каде ги нема сите изгледани филмови, или барем 90%? Од друга страна, мислам дека ме мрзи после секој гледан филм да отворам Летербокс и да ставам оценки...
Тоа е веќе личен избор, ама одзема преку сила 10тина секунди. Целта е што кога ќе го отвориш профилот на почетна се сите тие што ги следиш, во мојот случај само членови од форумов и гледам што гледале. Па често наоѓам нешто по мој вкус. А, сум приметил дека не секој добар филм се споделува или коментира тука.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Тоа е веќе личен избор, ама одзема преку сила 10тина секунди. Целта е што кога ќе го отвориш профилот на почетна се сите тие што ги следиш, во мојот случај само членови од форумов и гледам што гледале. Па често наоѓам нешто по мој вкус. А, сум приметил дека не секој добар филм се споделува или коментира тука.
Добро, може ќе се решам еден ден, да не велам не :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.814
Поени од реакции
33.669
Ja имам и друг проблем, а тоа е што за да оперирам со тоа, мора да седнам на компјутер, пошто не користам смарт-фон.
Па од компјутер е сто пати полесно. Јас користам смартфон, па пак не ја користам нивната глупава апликација.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.339
Поени од реакции
57.952
Еднаш одамна имав каталог со илјадници филмови кои од легални причини нема да кажам дека ги поседував... го боев, го фарбав, го сортирав, категоризирав... мислев дека вечно ќе трае, ќе достигне 10 000 филмови и ќе ми служи како некој потсетник или како место од кое ќе барам што да репризирам... се изгуби и тоа некаде на стари лаптопи и дискови, трага не можам да му најдам.

Сакам да кажам и дека сите овие плакати што ги лепите на Летербокс нема да траат вечно, ќе се изгубат еден ден, како tears in rain.

Џабе лепите.
 
На крај на година правиш експорт и ги имаш во ексел, не глуми елита дојди на LB :D
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.339
Поени од реакции
57.952
И каталогот за кој пишував беше ексел. Се е тоа немоќен обид да се сопре времето, како разгледниците од одмори што ги собиравме или монети од разни држави и времиња. Се ќе заврши во некаква дигитална корпа за отпадоци, еден ден ќе нема летербокс, некој нов ексел нема да ти го отвора фајлот што си го зачувал пред 20 и кусур години, или нешто трето ќе се случи, затоа што тоа му е работа на времето, да ги брише трагите од нашите очајни обиди да го запреме и да не гази сите.

Дакле, лепеле или не лепеле, сите ќе умрете.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom