Кога се појавиле првите звучни филмови, луѓето исто вака реагирале. Подоцна кога се појавиле првите филмови во боја - пак исто. Кога се појави Netflix, пак се изместија границите и дефинициите за филм, па така ги имавме првите (de facto) ТВ филмови номинирани за Оскар... До пред десетина години не постоеше и категорија Limited Series на доделувањата на наградите, а сега се снимаат и по 30+ годишно. На некои филмски фестивали дури и почнаа да даваат награди за VR. Пред некоја година Ињариту доби почесен Оскар, исто, за VR, а истата или наредната година имаше и номиниран за Оскар за краток анимиран - а всушност VR... Така и ова. Bandersnatch е можеби првиот таков, а за многу кратко време ќе бидеме преплавени со многу други. Светот се менува, и филмот не е неподложен на промени. Да, и за мене не е филм, според традиционалните сфаќања и дефиниции за филм. Но истите тие дефиниции се поместувале и во минатото, а најверојатно нема ни да престанат да се поместуваат. Којзнае, за некоја година може ќе измислат и холограм-филмови?