Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.865
Понекогаш сѐ е до перспективата. И обично парче ѓубре поставено во некоја уметничка галерија може да биде сметано за уметност. Некако така функционира Jojo Rabbit. Спој на триста глупости и неспоиви нешта, еден десетгодишен фашист, Хитлер прикажан како идиот, Втора светска војна и Ребел Вилсон во улога на (нормално) Ребел Вилсон. А на крај, целината - феноменална! Еден од најдобрите филмови во 2019. :cuc:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Last Christmas добар очекував да е како секој просечен романтичен-комедија филм но не овој стварно е поинаков и за првпат гледам ваков интересен крај од овој жанр (ова можеби оти и ретко гледам вакви филмови овој го изгледав најмногу заради еми)
Емчето научила малку хрватски :D

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Да топ е. И мене ми се допадна.
 
B

boomlakashaka

Гостин
Да ве измачам нешто.....
Филмови што вреде да се погледнат или мора да се погледнат во последните 5-6 год?
Според вас..
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.872
Поени од реакции
23.388
Да ве измачам нешто.....
Филмови што вреде да се погледнат или мора да се погледнат во последните 5-6 год?
Според вас..
The Parasite
Room
The Invisible Guest
Captain Phillips
Black Mirror : Bandersnatch
The Grand Budapest Hotel

И еден така посебен а не толку познат : Cardboard Gangsters

Имам уште многу наслови кои ми се мотаат низ глава, ама ќе остаам простор на другите.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.865
Да ве измачам нешто.....
Филмови што вреде да се погледнат или мора да се погледнат во последните 5-6 год?
Според вас..
Автоматски споено мислење:

BTW:

LETTERBOXD YEAR IN REVIEW 2019

Ако може да трека, и нека трепка!

AAAA.jpg

BBB.jpg
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Да ви кажам, мене Бандерснач баш глуп ми беше.
Не знам ни како е легитимен да влезе на онаа листана кога не е ни филм.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.865
Да ви кажам, мене Бандерснач баш глуп ми беше.
Не знам ни како е легитимен да влезе на онаа листана кога не е ни филм.
Кога се појавиле првите звучни филмови, луѓето исто вака реагирале. Подоцна кога се појавиле првите филмови во боја - пак исто. Кога се појави Netflix, пак се изместија границите и дефинициите за филм, па така ги имавме првите (de facto) ТВ филмови номинирани за Оскар... До пред десетина години не постоеше и категорија Limited Series на доделувањата на наградите, а сега се снимаат и по 30+ годишно. На некои филмски фестивали дури и почнаа да даваат награди за VR. Пред некоја година Ињариту доби почесен Оскар, исто, за VR, а истата или наредната година имаше и номиниран за Оскар за краток анимиран - а всушност VR... Така и ова. Bandersnatch е можеби првиот таков, а за многу кратко време ќе бидеме преплавени со многу други. Светот се менува, и филмот не е неподложен на промени. Да, и за мене не е филм, според традиционалните сфаќања и дефиниции за филм. Но истите тие дефиниции се поместувале и во минатото, а најверојатно нема ни да престанат да се поместуваат. Којзнае, за некоја година може ќе измислат и холограм-филмови?
 
Нека измислат и холограм дечко.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.872
Поени од реакции
23.388
Да ви кажам, мене Бандерснач баш глуп ми беше.
Не знам ни како е легитимен да влезе на онаа листана кога не е ни филм.
Реално Бандерснач е само еден просечен филм ако гледаме целовкупно.
Ама тоа што Нетфликс го направи со неколку верзии на филмот и самиот да си одбираш што ќе се случува, ме фасцинираше премногу и затоа го препорачувам секој да го погледне.
Претпоставувам оваа година ќе има уште некој ваков филм.
Еве извадија пред некое време со Бер Грилс(з) ист таков концепт каде овој иде во џунгла и ти одбираш дали Бер ќе оди по мостот, или ќе рипа со јаже преку.
Мене реално, тоа ми изгледа иднината.Ваков тип на филмови.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.775
Од каде да знаеме дали ќе ни се свиѓа ако не го пуштиме?
Мене ќе ме слушате. Ја ќе ви кажам дали ќе ви се свиѓа или не.
Автоматски споено мислење:

Понекогаш сѐ е до перспективата. И обично парче ѓубре поставено во некоја уметничка галерија може да биде сметано за уметност. Некако така функционира Jojo Rabbit. Спој на триста глупости и неспоиви нешта, еден десетгодишен фашист, Хитлер прикажан како идиот, Втора светска војна и Ребел Вилсон во улога на (нормално) Ребел Вилсон. А на крај, целината - феноменална! Еден од најдобрите филмови во 2019. :cuc:
Абе не е тоа Хитлер.
Тоа е Хитлер у главата на Џо Џо. Он како си го замишља.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.794
Поени од реакции
11.741
Целата верзија од печењарата на Рики на Златните Глобуси.

“Our next presenter starred in Netflix’s Bird Box, a movie where people survive by acting like they don’t see a thing, sort of like working for Harvey Weinstein” - Рики Џервејс :cuc:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.865

Плови мирно, Делфина! :(
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Гледам на Letterboxd многумина го имате гледано Memories of Murder (2003) ама сигурно многу порано од мене, јас тек сега го гледав.
Ако случајно не сте знаеле
Филмот е нели според убиства што се случиле во вистински живот а убиецот е уствари фатен во септември 2019
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Во понеделник ќе бидат објавени номинациите за оскарите

Од ова што видов, скоро секаде Ханиленд се спомнува меѓу првите 3-4.
Значи сосема сосема солидни шанси за номинација ќе имаме (y)

Мислам дека ќе добиеме номинација. За Оскар... немам појма, ептен немејнстрим категорија е ова не знам што ептен се дешава, ама да бидеме реални сериозно е успех и номинација да земеме

Ама ајде, има време до понеделник :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom