Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Конечно го изгледав Elle, конечно со добар превод. И го сфаќам @wot и со тоа дека си имаше своја тежина филмот, па и дека заслужено го предложиле Французите (иако јас сепак мислам дека Les Innocents беше подобар). Исто и ликовите - не се сложувам дека биле лошо напишани... Само некако приказната ме остави запрепастен - животот на средовечна, разведена теткица со чуден фетиш. А за насоките кон кои се управуваше самата себеси, не би коментирал, ќе се изнервирам. Не знам, сигурно има нешто подлабоко во приказната што мојот ограничен ум не го разбра, штом добива толку високи оценки од сите страни. Од мене 7/10, зашто сепак е далеку од лош филм. Ама пак ќе речам - чуден е...
За филм кој треба да спаѓа во жанр драма, премногу why would she do this моменти имаше филмот. Одлуки чудни, однесување чудно, ликовите уште почудни. Еве и сеа кога ти го прочитав постов си го вратив цел филм назад во глава и сеуште не можам да сфатам која е длабочинава во филмов која ние не ја гледаме.
Всушност толку дебилни ликови имаше на моменти, да не знаеш која е подебилната, дали главнава актерка, дали комшиката, дали другарката, дали син и...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.160
Поени од реакции
10.111
Чек, чек, Колумбија испратила кандидат за Оскар со следниов плот? :eek:
The 13 year old Maria is a member of a guerrilla unit in Colombia. She is sent for a special mission together with three others to bring the commander's child into safety. Meanwhile she is pregnant herself.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.613
Поени од реакции
36.301
Чек, чек, Колумбија испратила кандидат за Оскар со следниов плот? :eek:
Хахаха. Не знаев за ова. А знаеш како се вика филмот на Јемен? I Am Nojoom, Age 10 and Divorced. И снимен според вистинска приказна. Па сега ти види. :P
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.160
Поени од реакции
10.111
Никола Ристановски си доби Златен делфин на Босфорски фестивал во Турска за улогата во црногорскиот Igla ispod praga.
Ќеф ми е за човеков, браво! :bravobe:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.613
Поени од реакции
36.301
The Handmaiden - :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:

WOW! Не очекував ништо ни малку слично на ова. Мислам: лезбејска драма. А ги имам гледано едни Carol или Blue is a Warmest Color, па некако сѐ натаму ми одеше паметот, очекувајќи и ова да се движи во таа линија. Нооо (за среќа), ова беше вистински roller coaster кој те прави да се мрднеш. Од убавини. Буквално.

Не знам од кај да почнам, и знам дека ќе испуштам многу, но бидете сигурни дека и тоа што сум заборавил да го споменам тука, и тоа беше врв. Прво нешто што ми помина низ ум кога го гледав е колку наликува на костимирана драма за викторијанско доба (и по музиката, и сетовите, и дел од костимографијата, и по целата аура која лебди околу филмот). Го изгледав, и читам рецензија на интернет - приказната била инспирирана од некој викторијански роман, што значи: не бил случаен мојот впечаток. Потоа: музиката беше мелем за уши, кинематографијата со продукцискиот дизајн и костимографија, пак, мелем за очи. Сценариото перфектно! Од секоја можна реплика, до секој најситен детаљ... Приказната мајсторски раскажана, преку три перспективи кои самостојно кажуваат секоја по една лага, за на крај од нив гледачот да успее да ја конструира целата вистина. Филмот е баш отплеткување на едно замрсено и заплеткано клопче, нешто кое навидум изгледа преедноставно. Корејците годинава дефинитивно се на врвот на светската кинематографија. Не знам што уште да кажам, сѐ е прекрасно, а јас, ваков, опиен од убавини, само ќе си останам да се надевам дека ќе следат уште вакви ремек дела од годинава која полека изминува.

:bravobe:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.160
Поени од реакции
10.111
@MyloXyloto Синеплекс го имаат најавено Тони Ердман за 8 декември. Еве ти можност да го изгледаш доколку не излезе порано или доколку не го тргнат од распоред. Во последно време доста од филмовите што ги најавија за декември ги тргнаа од листата.
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
@MyloXyloto Синеплекс го имаат најавено Тони Ердман за 8 декември. Еве ти можност да го изгледаш доколку не излезе порано или доколку не го тргнат од распоред. Во последно време доста од филмовите што ги најавија за декември ги тргнаа од листата.
Yessssssssssss! Држам палци да остане, инаку Ла Ла Ленд идиотиве нема да го емитуваат, им пишав и во порака, можеби после Оскарите нешто, пред тоа тешко. Ќе си чекаме снимка.

Утре сакам да одам на “Каде пред дождот“ можеби или на Уставот, ќе видам. Да не ќе оде друг некој на македонскиов? Добар е?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.160
Поени од реакции
10.111
Yessssssssssss! Држам палци да остане, инаку Ла Ла Ленд идиотиве нема да го емитуваат, им пишав и во порака, можеби после Оскарите нешто, пред тоа тешко. Ќе си чекаме снимка.

Утре сакам да одам на “Каде пред дождот“ можеби или на Уставот, ќе видам. Да не ќе оде друг некој на македонскиов? Добар е?
Баш завчера мислам го имаа најавено Ла Ла Ленд во Синеплекс и вчера кога отворив го тргнале. :D
Каде по дождот мене ми се свиѓа, во топ 15 мислам дека ми е, гледај го па процени. :LOL:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom