Не можев да посакам поубав роденден: конечно се појави мојата прва десетка од филмовите за 2016, и тоа од нигде-никаде, односно филм за кој вчера немав ни слушнато.
Perfetti sconosciuti (Perfect Strangers), италијанска драма во режија на Пауло Џеновезе. Филмот беше ежење од старт, до крај.
Имате тајни? Дали им ги кажувате на вашите блиски (сопруг, сопруга, мајка, брат, сестра, другар, швалерка...) или има нешто што го чувате само за себеси? По филмов, убеден сум дека постои нешто кое ги знае сите ваши тајни: вашиот телефон. Затоа, чувајте го како очите и на крај памет да не ви падне да играте некаква глупава игра слична како оваа од ова мало ремек дело.
A must see! ОДМА!