Малце оф топик.
Океј, само што го изгледав The Big Short и иако е доста комплициран зашто има премногу економија и еконосмки поими, и бројки, и хипотеки, и заеми, и курци и палци за коишто не се разбирам (зашто сум правник), сепак успеав колку толку да го сфатам филмов.
Делумно.
Знам дека Стив Карел и неговите тројца другари се збогатија, знам дека тие двајцата што работеа со Бред Пит исто се збогатија, знам дека Рајан Гослинг се збогати, ама не ми е јасно што се деси со карактерот на Кристијан Бејл.
Знам дека и он се збогати, ваљда, ама како?
Неговата ситутација скроз ме збуни, он беше прв што го предвиде пропаѓањето на економијата и отиде во сите големи банки и почна "се коцка" со американскиот хаузинг маркет. И сеа, он предвидува дека тоа ќе се деси во 2007ма, тоа се случува, банките пробуваат да го замаскираат тоа и му кажуваат дека неговите акции не се помрднати, што во вистина не е точно. Сфаќа дека нешто не е во ред, дека има голема превара во системот, знае дека инвеститорите ќе почнат да се повлекуваат зашто парите им се изгубении овој им праќа мејл дека им го одзема тоа право. Си ја продава неговата позиција за 1.3 милијарди колку и што успеа да им искоцка и им враќа пари на луѓето како Лоренс и тој другиот што беа.
До тука сфатив, толку, после тоа им прати мејл на сите дека ќе го затвори фондот, ама зошто не ми е јасно и зашто пиша на талбата дека неговата фирма има профит од 2 и кусур милијарди.
Може и да бладам, и уствари да мислам дека сум разбрал нешто од филмот и економија, а везе да нема, така да некој што го гледал филмот и што се разбира, да објасни.