Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
јас се напнав доста затоа што многу лесно предвидов дека ќе испаднат повеќе свештеници, и наместо да ми биде wow го сметам за тапа одиграно
Да, предвидливо е, но, не е муабетот да те шокира со нешто што не го очекуваш. Треба да те шокира со начинот на кој католичката црква успева да го потисне муабетот. Мене ептен ми беше јако изработена приказната и покрај тоа што нема некоја режисерска автентичност. Коцките од мозаикот ептен јако се откриваат низ филмот. Воопшто не уморува филмов бидејки цело време иде со одлично темпо и те држи присутен со секој дијалог. Редакцијата и истражувањето е одлично, со точни детали.
Филмов сака да долови некоја реалност. Поради тоа и верувам продуцентите не сакале некоја кинематографска апрстрактност.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Дојдете на Letterboxd :D
На њот му се жалев па ајде и овде.
Не може бе да ми бараат 20 долари за да импортнам листа од IMDB, не може.
Протестирам.
Полесно ќе го прифатев фактот да нема опција за импорт отколку да има а за тоа да ми бараат пари.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
На њот му се жалев па ајде и овде.
Не може бе да ми бараат 20 долари за да импортнам листа од IMDB, не може.
Протестирам.
Полесно ќе го прифатев фактот да нема опција за импорт отколку да има а за тоа да ми бараат пари.
Тоа е единствен downside, другото си е супер. Јас среќа имав околу 120 филмови кога го направив, па не ми одзеде многу време да додавам филмови еден по еден.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
На њот му се жалев па ајде и овде.
Не може бе да ми бараат 20 долари за да импортнам листа од IMDB, не може.
Протестирам.
Полесно ќе го прифатев фактот да нема опција за импорт отколку да има а за тоа да ми бараат пари.
Оди кај њот на профил во филмовите и само кликај Seen, Seen, Seen :D
 
B

Blade Torch

Гостин
Тој јужноамериканскиот за оскар што е номиниран го гледаше ли некој?
Ми пореметија цел план со немањето торент за унгарскиот, пополнувај сега дупки :tapp:
И ова изгледа ќе се деси. Филм да земе оскар, а да го немам гледано до Оскарите. :aplauz:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.129
Има нешто добро од тие што беа наведени?
ако од македонските мислиш, Медена ноќ и Три дена во септември се добри. :)
А Лазар го немам гледано, ама добри критики имаше од тие што го виделе на Манаки. :)
Каде се парите и Збор - не се мачи да ги гледаш, ако ги начекаш низ кино. :D

Според мене 2015 е доста добра година за македонскиот филм зашто 5 од 5 филма беа современи, а не револуционерни причи. Башка Медена ноќ покрај океј причата имаше одлична глума од Ристановски и Верица, а и во Три дена - Ристиќча и Камка развалија. (y)
 
Член од
12 јануари 2016
Мислења
43
Поени од реакции
57

Ќе ги изглеам ваљда деновиве.
 
W

wicked_1

Гостин
Бела Тар му стана доследен на Тарковски, факт. Ама некои филмови му се апла претенциозни, посебно Satantango, дури и после второ гледање на филмов не ја сфаќам поентата, барем не гледам како стилот и обемноста = substance.

Нема некои метафизики, длабоки филозофии, психолошки тригери, нема речиси ништо друго филмов освен долги never-ending кадри и темен депресивен тон кој трае +- 7 саати. Далеку од некои други дела на Тар.
 
B

Blade Torch

Гостин
Joy едвај се наканив да го гледам, па испадна поинтересен од Carol и Brooklyn. 7/10
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.129
Танович ги освои сребрената мечка и наградата ФИПРЕСЦИ од филмските критичари во Берлин за најновиот филм Смрт во Сарајево. Ете тако се снима филм драги мои.
Баш ме занима кога ние ќе снимиме филм што бар ќе го повтори успехот на Пред дождот со Златното лавче од Венеција. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom