Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
а филм по дефиниција претставува збир од визуелни ефекти?
само визуелни ефекти барате во филмовите, ни содржина ништо друго не ве интересира.
Баш напротив, многу повеќе ме интерсира приказната од визуелните ефекти, затоа и го гледав, очекував добра приказна, ама во Space Odyssey 90% од филмот се кадри од вселената, внатрешноста на бродот итн.. очигледно е на што е ставен акцентот во филмот, а дијалог речиси и да нема, едвај 5 реда муабет се направија во цел филм.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Остаj ти, во 68ма тоj го гледал не глеаш... jако му е, уште го држи хаjпот од времето
е не бе ќе одам avengers да гледам. хајпови, само тоа има денес во филмската индустрија
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
е не бе ќе одам avengers да гледам. хајпови, само тоа има денес во филмската индустрија
Не, денес во филмската индустриjа има и драми и трилери и мистерии и artsy и филозофиjа и митологиjа и наука и фантазиjа и уште мал милион жанрови и поджанрови, тоа што jас се палам на суперхерои не значи дека само тоа го има во филмската индустриjа. И никоj под нож не те стави да гледаш каj што Скарлет се растегнува на платно.
Ете уште се прават филмови со маjмуни со вселени и слични deeeeep bro филмови.

Ама филмови
што се фокусираат на визуелност и ефекти, од денес и од пред 4 децении немаат споредба.

Многу убав пример за тоа се sw старата и новата трилогиjа, каj што е очигледно каде ефектите имаат израз
 
Последно уредено:
W

wicked_1

Гостин
Различни критики и сфаќања има за овој филм, и нема универзален одговор и заклучок како на психолошки трилер.

Според мене гледањата треба да бидат фокусирани на обидите и идеите на Кјубрик. Од сите примеси на наука, филозофија, религија,технологија, мистицизам, симболика, оваа е се освен филм за вселената и "дали сме сами" муабетот.

Тематиката што ја обработува е споредна на идејата која ја има за цел режисерот да ја објасни, а тоа е Еволуцијата.
Конкретно има две етапи кои се отсликуваат завршни состојби и секоја одделно е чекор кон нова фаза на постоење.
Монолитот е клучот на целата приказна. У глобала е сфатен како инструмент на некоја напредна (или напредна)цивилизација која го користи да го "еволуира" на најпрост начин постојниот "поредок".

Во првата етапа, присуството на монолитот и неговата "комуникација"- влијание на приматите, поттикнува параноја преку чиј притисок се откриваат нови методи и нови начини на делување а тоа само по себе ствара нов поредок. Коската и нејзината нова намена става крај на претходниот круг, и отпочнува нов. Преку насилство до ново уредување, нешто покасно ќе стане слика, редовна дефиниција и потреба за напредок.

Во свет разурнат од насилство(нуклеарна војна), исто и луѓето како транзиција од приматите се во завршна фаза, па монолитот одново "комуницира". На оваа етапа и претходи борбата на човекот со технологијата, преку создавање на AI(ХАЛ) која развива самосвест и која очекувано го детектира човекот како грешка/мана на еволуцијата кој во ваква форма и состојба, е неспособен да еволуира правилно и навремено. Тука е претставена борбата со ХАЛ во која Боумен успева, па следи третиот момент во кој Кјубрик комплетно импровизира. Конфузната одисеја на Боумен.

Според мене прекомплицирано е да бидеш свесен и да имаш претстава за било каков распоред на настани, визуелизација или сфаќање на напредна футуристичка состојба за каква Кјубрик пробува да даде претстава.
Од тука, главната интерпретација на новата одисеја кон наредната фаза, беше "учењето" на Боумен преку изучување на самиот себе, со забрзан приказ на главните етапи од неговиот живот. Моментот кога умира во креветот во неговата човекова форма е моментот кога се појавува монолитот во собата. Неговото ново раѓање е нова транзиција кон наредно битие кое е во форма на starchild(фетус) кој орбитира околу планетата.

Од интерпретацијата на книгата Starchild-от ќе проба да ги измени начините на делување и односите на луѓето помеѓу себе на земјата, со тоа и да ги спреми за нареден чекор во еволуцијата, нова одисеја.
 
Последно уредено:
G

grande-juve

Гостин
^
Ми заштеди време за пишување.

И визуелно само, со кинематографијата те држи ко ретко кој друг филм, да не збориме за другово...
 
Последно уредено од модератор:
W

wicked_1

Гостин
Мхм, намерно го изоставив техничкиот аспект и како е изведен, кинематографијата и уникатните кадри кои во денешно време неможат да се изведат, изборот на музика и врвната глума... за да не изгледа дека се шлепаме на возот на хипиците кои прифаќаат се авантгардно.
Се на се, огромен филм.

 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.737
Ау крајно разочаран од Sunshine. Полош „пресврт“ не можело да им текне. Шо убаво си тераше филмот
клишевски, си умираа еден по еден, немаат кислород а у класика
и одеднаш
огнен човек, капетан на првиот брод, се надрогирал на сонце и ги спречува во мисијата

KAPPA
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.871
Поени од реакции
7.106
Ау крајно разочаран од Sunshine. Полош „пресврт“ не можело да им текне. Шо убаво си тераше филмот
клишевски, си умираа еден по еден, немаат кислород а у класика
и одеднаш
огнен човек, капетан на првиот брод, се надрогирал на сонце и ги спречува во мисијата

KAPPA
Потешко преценет филм здравје ... 7.3имдб вау, едвај издржав до крајот ...
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.634
Поени од реакции
31.848
The music never stopped

Коска филмче. Можеби му фали мала доразработка за да го пуштам смајлино шо се поклонува, али и вака ќе го пофалам. Накратко на синот му е отстранет тумур од мозокот, и со тоа му се оштетува способноста за размислување и враќање наназад низ спомените. Но како голем љубител на музиката (вака ко мене), преку слушање на омилените песни му се евоцираат спомените и така испаѓа една фино скоцкана драма која си ја заслужува оценката.
 
Последно уредено:
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Приказни од заливот Неуморен сум

И така ја си шкрапам по рарбг еднаш и гледам едно од наведените филмчиња со наслов Before Midnight стискам на него гледам 8.0 викам во ред туф таф паѓа магнето(икс мен) лала и пуштам 20 минути се возат со децава викам интересно ме бендисува продолжува понатаму седна да ручат муабетиве корнење коси дијалози Пиф Паф Пуф крајот (y) и таков целиот под импреси викам одлично си викам камо среќа ова чудо да има повеќе делови никад не би ми здосадиле тие дијалози што ги фура(Чиниш родени еден за друг и надвор од сетот) и си го мислам насловот и викам зарем не би било пологично прво да биде пред утрото или изгрејсонцето гуглам(значи ова се е секундарно).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom