Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.120
Поени од реакции
46.078
Има големи шанси да пропадне проектот за Гамбит, односно, да се одложи а Ченинг Татум да не биде дел од филмот ...

И овој коментар најдобро ја објаснува цела оваа збрка

Somewhere out there a single tear of joy streams down Taylor Kitsch's face. "I have a chance", he whispers to himself

:pos:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.038
Поени од реакции
42.747
нека го земат џона хил, филмот ќе се вика the fat gambit и готова работа
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.117
Поени од реакции
9.067
нека го земат џона хил, филмот ќе се вика the fat gambit и готова работа
Taylor Kitsch е сосем ОК глумец, под ОК мислам проаѓа, ама филмовите што ги бира му се леле мајко и затоа е предмет на подсмев. >.<
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.038
Поени од реакции
42.747
Taylor Kitsch е сосем ОК глумец, под ОК мислам проаѓа, ама филмовите што ги бира му се леле мајко и затоа е предмет на подсмев. >.<
сега ми текна тој беше гамбит у волверин, добро одигра, еден од моите омилени филмови на марвел
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.844
Поени од реакции
1.601
Малку офтопик ама ако некој знае како се вика филмот да ми каже ?
Типот влегува во казино и на еден ќе му плати 100 долари за да игра баш на таа машина и ќе добие џекпот , па ќе му стаса порака на телефонот да игра блекџек на некоја маса по ред и да вложи се и пак ќе добие и цело време требаше да ги следи инструкциите на телефонот. Некој ?
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
District 9 ми делува малце преценет.
ОК има некој интересни комични досетки, акција прилично добра. Но приказна некако изоставува. Немаме детали околу тоа од каде потекнуваат вонземјаните, што барале на земјата. Има некоја добра сатира за човештвото но вториот дел од филмот е баш она хард кор акција.
ОК е филмот, не е толку лош. Но ми го претставија како култно парче а гледам и 90% има од критичари.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.634
Поени од реакции
31.848
District 9 ми делува малце преценет.
ОК има некој интересни комични досетки, акција прилично добра. Но приказна некако изоставува. Немаме детали околу тоа од каде потекнуваат вонземјаните, што барале на земјата. Има некоја добра сатира за човештвото но вториот дел од филмот е баш она хард кор акција.
ОК е филмот, не е толку лош. Но ми го претставија како култно парче а гледам и 90% има од критичари.
И мене не ми легна, ито не ми беше ни хајпнат ни ништо, ајде реков да го гледам, и онака го изгледав па тек потоа се препрашав шо е фамава со оценката :)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
На толку фалење јас Дистрикт 9 го гледав два пати до пола
 
Последно уредено:

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.117
Поени од реакции
9.067
(y)
добра им е идејава, треба да почнат и новиве филмови да ги даваат. Иначе и волшебното самарче имаше сабајле :)
21 век сме а тие филмови од турско даваат... Со средставата што ги собираат треба да гледаме актуелни филмови од последните неколку години.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
21 век сме а тие филмови од турско даваат... Со средставата што ги собираат треба да гледаме актуелни филмови од последните неколку години.
Види вака, со средствата што им ги даваме може да снимат една сезона од ГоТ ама тие си тераат пропаганда. Како и да е цел филм на телевизија не сум гледал со години. Дури и да фатам некој што ми се допаѓа си го спуштам истиот на комп. и така го гледам
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.169
Поени од реакции
10.136
21 век сме а тие филмови од турско даваат... Со средставата што ги собираат треба да гледаме актуелни филмови од последните неколку години.
не дека ги бранам ама преку к*р сте со вакви работи. Зар со парите што ги земаат сакате да гледате најнови филмови, најнови серии, тековни првенства во фудбал, ракомет, Лига на шампиони и Европа Лига, ЛШ во ракомет, СЕХА, АБА, преноси од секој натпревар што го играат и кај нас и КОНКАКАФ и Атлетика и Формула1 и сè. Колку им плаќате, 1000, 100000 секој па сакате сè да има на МРТ? Што не барате на Шител и Анал и Алва да емитуваат нешто, та сте запнале со МРТ1.
Моментално МРТ и Телма се најдобри телевизии и наместо да им се вика браво, вие само ќењате. Не викам да се идеални, ама бар понудуваат нешто различно. Снимаат свои емисии. Има најава и Алфа да снимала хумористична серија. А за македонскиве филмови нека ги репризираат по 100 пати, да ги научиме напамет, зашто го изгубивме нашето, станавме Турци, Индијци, Амери, Руси, Јапонци и кој уште не.
И едно бонус прашање, си ги изгледал ли барем половина од филмовите во нашата кинематографија што викаш дека биле од турско? Си ги гледал ли Дарко Дамевски, Џувалековски, Ристо Шишков, Петре Прличко, Ацо Јовановски и останатите глумишта. Си го слушнал ли тој мелозвучен македонски говор што веќе е изумрен. Gone with the wind, Хитчок и останатите класици можете да ги гледате. Не се од турско.
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Child 44 - Том Харди предобар. Ми се свиѓаше како го доловиле режимот во Русија во 40-те и 50-те, како се решавале убивства и сл. Вреди да се погледне препорака голема ! :cujte:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom