21 век сме а тие филмови од турско даваат... Со средставата што ги собираат треба да гледаме актуелни филмови од последните неколку години.
не дека ги бранам ама преку к*р сте со вакви работи. Зар со парите што ги земаат сакате да гледате најнови филмови, најнови серии, тековни првенства во фудбал, ракомет, Лига на шампиони и Европа Лига, ЛШ во ракомет, СЕХА, АБА, преноси од секој натпревар што го играат и кај нас и КОНКАКАФ и Атлетика и Формула1 и сè. Колку им плаќате, 1000, 100000 секој па сакате сè да има на МРТ? Што не барате на Шител и Анал и Алва да емитуваат нешто, та сте запнале со МРТ1.
Моментално МРТ и Телма се најдобри телевизии и наместо да им се вика браво, вие само ќењате. Не викам да се идеални, ама бар понудуваат нешто различно. Снимаат свои емисии. Има најава и Алфа да снимала хумористична серија. А за македонскиве филмови нека ги репризираат по 100 пати, да ги научиме напамет, зашто го изгубивме нашето, станавме Турци, Индијци, Амери, Руси, Јапонци и кој уште не.
И едно бонус прашање, си ги изгледал ли барем половина од филмовите во нашата кинематографија што викаш дека биле од турско? Си ги гледал ли Дарко Дамевски, Џувалековски, Ристо Шишков, Петре Прличко, Ацо Јовановски и останатите глумишта. Си го слушнал ли тој мелозвучен македонски говор што веќе е изумрен. Gone with the wind, Хитчок и останатите класици можете да ги гледате. Не се од турско.