Абе збори за бенџамин батон
Џорџ Констанца во ТВ серијата „Зајнфелд“: Најнечесна работа во животот е неговиот крај
„Најнечесна работа во животот е неговиот крај.
Мислам, животот е тежок. И ти одзема многу време. И што добиваш на крајот? Смрт. Тоа е, демек, некој бонус?!
Смртта треба да биде на почетокот.
Потоа следи живот во старечки дом од кој те исфрлаат затоа што си премногу здрав.
Потоа почнуваш да работиш така што собираш пензија и веќе првиот ден на работа добиваш златен часовник.
Потоа работиш четириесет години, додека не станеш доволно млад за уживање во пензијата.
Пиеш многу алкохол, одиш од журка на журка и полека се подготвуваш за средно училиште.
Потоа следи основно училиште, стануваш клинец, си играш и немаш никакви одговорности во животот.
Потоа си мало дете, па бебе, се враќаш внатре и девет месеци лебдиш додека те грее најлуксузното централно греење, купка, а храната доаѓа низ цевче.
И го дочекуваш крајот со еден фантастичен оргазам!!!
Амин.“