- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.773
- Поени од реакции
- 12.237
многу мажи нема никогаш во животот да станат директори, министри, градоначалници. Тоа е до конкуренција, колку се способни толку. Така и со жените. Голем број жени се на високи функции во државните и јавни фирми или во банките. Во градежните фирми кои го изведуваат на пример проектот Скопје, физичките работи се доделени на мажите.Не сакав да тргнам по овој пат на натегање наше - ваше, првенствено заради тоа што сепак се залагам за рамноправност, ама кога веќе почна да споредуваш кој, каде и колку е застапен, кажи ми во име на рамноправноста, колку жени држат високи политички функции, колку жени биле претседатели на државава, премиери на државава, колку од нив се градоначалници на општини, колку од нив се лидери на политички партии, колку министерки,колку се директори на болници, колку се пилоти, извршни директори на државни фирми итн
Пишав и погоре за рамноправноста во професиите -колку жени држат работни места на шофери на автобус, на ѕидари и слично. Зошто девојките не се пријавуваат за занаети ѕидарство, автоелектрика, автомеханика или зошто не работат по стоваришта. Тоа нели би бил навистина прв чекор во рамноправност во сите занимања и на сите полиња? Или рамноправноста треба да ја оценуваме единствено во канцелариските или раководни професии.
Сепак, професиите кои ги одбра во твојот пост се одбрани професии, а со таква селективна борба за одредени позиции жените се ставени во нерамноправна положба. Не знам дали ја гледаш нелогиката во ваква селективна рамноправност.