ОСОГОВО - ТИВЕРИЈА 4 : 2 ( 3 : 0 ) 2007-11-05 Стадион-„Никола Мантов“. Гледачи-50. Главен судија-Дарко Тодоров-Свети Николе. Помошници-Марјан Саздов-Свети Николе и Снежана Илиевска-Мак.Каменица. Стрелци-Наков во 10м, Дамески во 14м. 49м. и Темелков во 39м. (за Осогово), а Ѓоргиев во 70м. и Јованов во 79м. Картони немаше.
„ОСОГОВО“–Данев,Данилов,Дамески,Демјанов,Темелков,Манчовски (Гицов),Митев,Наков(Јовановски),Карафилов(Ристов),Цветанов,Арсов.
„ТИВЕРИЈА“ – Граматиков (Мирчев), Шаламанов (Наков), Ѓорѓиев, Јорданов,Кавазов,Нистров,Митев,Димитриев,Јованов,Илиев (Василев), Зрнцев.
ШАМПИОНСКИОТ ОД ПРОДОЛЖУВА
И по натпреварот со Тиверија во Кочани ништо ново кога е во прашање екипата на Осогово. Со новата победа од 4:2 (3:0) „жетварите“ го продолжија шампионскиот од. Осогово со натпревар повеќе го задржа првото место пред најголемиот ривал Брегалница од Делчево.
На стадионот „Никола Мантов“ по лош терен и лоши услови за игра кочанчани како и на предходните натпревари решија да ги обезбедат бодовите уште во првото полувреме, па со головите на Наков, Дамески и Темелков во соблекувалната заминаа со недостижна предност за струмичани. Откако на почетокот од второто полувреме Дамески по втор пат се запиша во листата на стрелците, „жолтите“ едноставно застанаа. Играа колку времето да помине, што го искористија гостите од Струмица и со два последователни погодока го ублажија високото водство на Осогово.
Не треба на победата да и се гледа во „забите“, но сепак загрижува односот на поединци кога победникот е познат. Посебно за одбележување се лошите интервенции на искусниот Данев кога дозволи да прими два „пацерски“ погодока кои можат во трката за првото место на крајот од првенството да одиграт голема улога.
Осогово иако до крајот на есенскиот дел остануват уште две кола ќе одигра само еден натпревар бидејки во последното коло е без противник.