Фан Kлуб: Осогово

Fcu

Член од
10 август 2007
Мислења
585
Поени од реакции
2
Osogovci imali li sansi da se vratite vo vtorata liga.
Kako stojat drugite timovi vo tretata liga.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ПРВА ПОБЕДА НА ПОДГОТОВКИТЕ

2008-02-18
Во рамките од подготовките за пролетната фудбалска сезона, Осогово го одигра и вториот контролен натпревар. На стадионот „Никола Мантов“ по сончево но мошне студено време „жетварите“ го совладаа „Кочани“ со 7:1.

„Задоволен сум од досега оствареното. Играчите сериозно ги сватија овие подготовки бидејки и самите се сигурни дека од подготовките им зависат и настапите во пролетната сезона. Иако на првиот натпревар против Јака во Радовиш одигравме 00 јас бев задоволен од настапот. Денес со локалниот клуб „Кочани“ победивме со 71 што не треба да не крене во облаците. Ние и во наредната недела ќе продолжиме да ја реализираме зацртаната програма. Ќе тренираме но и ќе играме контролни натпревари. Во среда во Кочани ни гостува екипата на „Нов Милениум“, а во недела екипата на Јака. Мислам дека дури по овие две контролни средби ќе имаме појасна слика за досега сработеното и тогаш ќе излеземе со поконкретни заклучоци“. Ни рече Крсте Крстев Менаџерот на Осогово.

С.Ивановски
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ОСОГОВО РЕМИЗИРАШЕ СО ВТОРОЛИГАШОТ

2008-02-21
Во рамките на подготовките за пролетната фудбалска сезона вчера во Кочани во пријателсјки фудбалски натпревар домаќинот Осогово го пречека второлигашот „Мак Милениум“ од с.Сушица.

По убаво и сончево време малубројните гледачи видоа интересн фудбал ама само во првото полувреме, додека во вториот дел по неколкуте направени замени во двете екипи играта како да спласна па сите одвај како да го чекаа последниот свиреж на авторитетниот судија Јаневски Драган.

Осогово прво го откри резилтатот во раната фаза на играта кога по една успешно избегната офсајд стапица несебично беше проигран ветеранот Б.Ѓорѓиев. Гостите случајно но сесема заслужено изедначија на пет минути пред крајот на првото полуввреме кога по една нафрлена топка од корнер коксираше целата одбрана на „жолтите“. Со тоа беше поставен и конечниот резултат.

И судиската тројка од Кочани покажа дека спремно ќе го дочека стартот на првенството. Главниот судија Јаневски одлично го отсуди целиот натпревар но голема помош имаше и во своите помошници Ангелов и Богатинов.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ГОЛЕАДА НА ЖЕТВАРИТЕ

2008-02-25
Тренирањето и одигрувањето на што повеќе контролни натпревари стана пракса што играчите на „Осогово“ ја спроведуваат во овој месец. Почетокот на пролетната сезона е на прагот и секој одигран натпревар е од голема важност.

Овој викенд „Осогово“ беше домаќин на екипата на „Јака“ од Радовиш која всушност им ја возврати средбата на кочанчани.

„Жетварите“ и на овој натпревар како пред недела дена беа расположени и за надигрување и за „решетење“ на противничката мрежа. „Осогово“ победи со 6:0, со головите на Николчо Ѓоршиев (2), Блашко Ѓорѓиев (2), Темелков и Каров, но ако напаѓачите беа барем малку поприсебни во многуте создадени поволни прилики за гол гостите ќе го напуштеа стадионот „Никола Мантов“ со двоцифрен резултат.

„Задоволен сум од приодот на играта на моите играчи но не и од односот на поединци. До почетокот на првенството ни преостанува уште малку време и се надевам дека максимално ќе го искористиме. Резултатот не треба да не заведе, но не треба и онака реда ради да гледаме во него. Веќе ги имам контурите на составот а во наредниот период ќе мора да разрешам уште неколку дилеми. Како и да е мислам дека спремни ќе го дочекаме стартот на првенството и битката за првото место“ рече Крсте Крстев менаџерот на „Осогово“.



С.Ивановски
 

Fcu

Член од
10 август 2007
Мислења
585
Поени од реакции
2
Koga pocnuvate so vtoriot del.
 
Член од
12 октомври 2007
Мислења
68
Поени од реакции
1
Osogovo e interesna ekipa aj neka se vrati u 2ra liga da gi gledame na cement
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ПРЕКИН ВО ДЕЛЧЕВО

2008-03-24
Натпреварот на сезоната меѓу првопласираната „Брегалница“ од Делчево и „Осогово“ што во неделата се одигра во Делчево траеше само осум минути. Имено по една неуспешна офсајд стапица што вешто ја избегна Горан Николов „Осогово“ постигна гол. Домакините бараа истиот да биде поништен по што го нападнаа судијата Зоран Саздов од Штип.

Во мешаницата имаше се и сешто по што судијата го прекина натпреварот, соопштувајки дека бил удиран од неколкумина домашни играчи.

Натпреварувачката комисија ќе го даде последниот збор, но врз основа на она што се случуваше се очекува Осогово да го добие натпреварот со 3:0.
 
Член од
12 октомври 2007
Мислења
68
Поени од реакции
1
abe stvarno debarot kambej kje prael u osogovo zaedno so gage
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
„ОСОГОВО“ - „РУДАР“ 1:0 (1:0)

2008-03-31
Стадион „Никола Мантов“. Гледачи-100. Главен судија: Димче Саздов - Свети Николе. Помошници: Игор Филипов – Штип и Влатко Јовчев – Свети Николе. Стрелци: Н.Ѓорѓиев во 45 мин. Жолти картони: Карафилов („Осогово“), Милев и Митев („Рудар“).

„ОСОГОВО“ – Трјаков, Дамески, Демјанов (Данилов), Темелков, Манчовски, Наков(Јаневски), Шуманов(Каров), Велинов, Н.Ѓорѓиев, Карафилов, Коцевски.

„РУДАР“ – Петковски (Ангеловски), Касарски (Митев), Герасов (Павлов), Монев, Тимов, Кралевски, Насески, Кузев, Милев, Јовчевски, Василевски.

По сончево но ветровите време дербито на колото не ги исполни очекувањата на стотината гледачи. Се играше повеќе тактички, но и со ваква игра „Осогово“ создаде повеќе шанси за гол од кои искористи само една. Стрелец на голот беше Николчо Ѓорѓиев во последната минута од првото полувреме кога најдобро се снајде во мешаницата пред голот на „рударите“ и со манир на голем стрелец ја упати топката во небранетиот дел од мрежата. Од гостинската екипа се очекуваше повеќе но тие освен борбеноста ништо не покажаа, па сосема заслужено од Кочани си заминаа со празни раце.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
филип втори-Осогово 0:5
На 6 кола до крајот
1. Осогово 40 бода
2.Брегалница 39бода
3.Јака 32 бода итн
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ОСОГОВО“ - „БЕЛИ“ 2:0 (1:0)

2008-04-17
Кочани. Стадион „Никола Мантов“. Гледачи-50. Главен судија: Благој Лазаров. Помошници: Горан Горгиев и Иван Андов (сите од Кочани). Стрелци: Дамески во 27м. (пенал) и Н.Горгиев во 73м. за Осогово. Жолти картони: Христов, Атанасов (Бели).

„ОСОГОВО“ – Данев, Дамески, Темелков, П.Горгиев (Данилов), Каров (С.Манчовски), Јаневски, Гицов (Коцев), Н.Горгиев, Митев, Карафилов, Цветанов.

„БЕЛИ“ – Христов, Кипријанов, Стојчев, Д.Манчовски, Крстов, Атанасов, Деспотов, Митров, Грозданов, Ристов (В.Заов), Тенев (Митков).

Во просечен и на моменти здодевен натпревар се одигра месното „дерби“ од третата лига Исток. Од почетокот на натпреварот Осогово ја имаше иницијативата но без некоја посериозна акција или шанса за гол. Во 27 минута беше оправдано досуден пенал за „жетварите“. Дамески биеше прецизно па иако беше прочитан неговиот удар од одличниот Христов, мрежата на белани сепак се затресе. Две минути подоцна Н.Горгиев биеше убаво од работ на шеснаесетникот а Христов се изви во воздухот и на феноменален начин ја сочува својата мрежа.

И второто полувреме не донесе нешто ново. Се играше неповрзано, растргано со неколку повремени обиди да се постигне нешто повеќе. Конечниот резултат беше поставен на седумнаесет минути пред крајот на средбата. Н.Горгиев доби топка на седум-осум метри од гостинскиот гол биеше во стил на големите голгетери и топката по втор пат мораше од голот да ја вади Христов.

Се на се просечен натпревар во кој судиската тројка одлично си ја заврши работата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom