„ЈАКА“ - „ОСОГОВО“ 0 : 2 (0 : 0) 2007-10-16
Радовиш.Градски стадион. Гледачи-400.Главен судија-Стојанче Стојанов. Помошници - Зоран Саздовски и Игор Филипов (сите од Штип). Стрелци – Наков во 46м. и Велинов во 55м. за Осогово. Жолти картони – Коцев и Пандев (Јака) и Јаневски, Данилов (Осогово). Црвен картон – М.Петров (Јака).
„ЈАКА“ – Иванов, Ристов (Чаракчиев), Панев, М.Петров, Коцев, Таранинов, С.Петров (Ристоманов), Василев, Јанев, Тодоров (Арсов), Пандев.
„ОСОГОВО“ – Трајков, Данилов, Дамески, Демјанов (Митев), Темелков, С.Манчовски, Георгиевски (Гицов), Наков (Јаневски), Велинов, Коцевски, Карафилов.
ФУДБАЛСКА ЛЕКЦИЈА ЗА ДОМАКИНОТ
Играчите на Осогово во една машка но преди се тактичка игра успеја како гости да ја совладата фаворизираната екипа на Јака во Радовиш. Кочанчани на дуелот во Радовиш отпатуваа предвреме прежалени од дежурните „сезнајковци“ на фудбалските прилики во државата но од Радовиш испратија охрабрувачки вести, дека Осогово во сите елементи на фудбалската игра го надигра домакинот и дека сосема заслужено ги освои трите бода.
Првиот дел помиона во рамноправна игра во која Осогово свесно им ја препушти средината на теренот на домакините, а со опасни контра напади го загрозуваше голот на Иванов.
Само што започнал вториот дел кочанчани со голот на итриот Наков го отворија резултатот. Домакините ги зафати вистинска паника по водството на кочанчани што итрите гости тоа знаеја да го казнат и само по десет минути игра во второто полувреме со голот на одличниот Велинов го дуплираа водството.
Играчите на Јака неможејки спортски да го поднесат поразот заиграа грубо по што авторитетниот судија Стојанов беше приморан во шеесетата минута да му покаже црвен картон на домашниот играч Мартин Петров. Ова како да значеше и крај за амбициите на Јака.
Со оваа победа Осогово се стави во групата главни претенденти за освојување на првото место што секако по три години „постење“ во третата лига би било убава награда за оваа млада но преди се и надарена фудбалска генерација.
Eden izvestaj od natprevarot :icon_bigg