Управниот одбор на КК Струмица е резигниран и разочаран од случувањата од финалниот натпревар од Купот на Македонија во кошарка што се одигра во салата "Јасмин" во Кавадарци. "Струмичката спортска јавност и ние како клуб не сме лути што по вторпат во Кавадарци Фени ја победува Струмица со звукот на сирената, туку на цената што моравме да ја платиме за да го доживееме овој, според севкупното сценарио, задолжителен пораз. Ако спортот и спортските екипи постојат за љубителите на спортот и навивачите, тогаш се прашуваме постоеше ли финалето на кошаркарскиот куп само за љубителите на кошарката од Кавадарци?
Мораше ли навивачката група од Струмица да биде цел на нечии фрустрации, да биде топовска храна на оние кои ниту слушнале ниту разбрале дека спортот служи за зближување а не за непријателства меѓу луѓето?!
Како сега да им објасниме на "Ајдуците" дека одземеното знаме на "Фени" во Струмица треба да го платат со крв? Ако за настанот во Струмица КК Фени излезе со соопштение полно со "жалопојки", се прашуваме со какво соопштение ќе излезат сега?
Според нас би требало да излезат со "благодарност" кон командирот на Кавадарци и неговиот одговорен полицаец кој ја водеше целата оваа однапред осмислена одмазничка акција. Како да им објасниме на родителите на членовите на нашата навивачка група зошто нивните деца беа малтретирани и крвнички тепани со пендреци од страна на кавадаречката полиција?
Зошто мораше дваесетина млади струмичани да бидат повредени, со раскрвавени глави и модрици по телото, а неколку и да бидат приведени?
Што значеше одговорот на ПОЛИЦИЈАТА? "Ова е кавадаречка демократија, каде се парите таму е власта", на прашањето на 'Ајдуците' зошто се тепани? Член на нашиот УО, кој беше присутен и сведок на целокупното тепање на навивачите, се спротивстави со едно едноставно прашање кон одговорниот полицаец "зошто ги тепате". На тоа доби закана дека само ако уште еднаш "писне" и тој ќе биде приведен!
Дури и сите присутни новинари од државата беа огорчени од она што го гледаа, па дури некои од нив дотрчаа до претставниците на КФМ да побараат заштита. Спортските новинари ги сметаме за релевантен арбитратор на случувањата бидејќи тие се присутни на многу натпревари. Без разлика дали на кошаркарски или некаков друг спортски натпревар. Тие заклучија дека "Ајдуците" со ништо не придонесоа да бидат така тепани и малтретирани.
На крајот и добро е што натпреварот заврши со победа на "Фени". Во спротивно, епилогот можеше да биде и трагичен. Се разбира сета одговорност за ваквиот невиден вандализам и тортура врз нашите навивачи треба да ја понесе организаторот. Ако не знаат како се организира вакво напреварување нека прашаат, ќе им кажеме. Струмица беше организатор на Купот пред две години, па дури и при состојба кога нашиот клуб беше елиминиран во полуфиналето, беше тоа спортски настан за пример и паметење. Но, културата не е ништо што се учи преку ноќ. Во историјата на македонскиот и меѓународниот спорт треба да се знае кој е кој. Струмица како спортски град и натаму ќе го држи едно од водечките места во таа историја. Но, најостро реагира на појавата новите страници на истата да се испишуваат со крв.
Ги прашуваме колегите од КК Фени: нели порачувавте "во спортскиот дух, најдобриот нека победи"? За ваквите ваши победи Струмица нема да го ризикува здравјето и животот на младите луѓе. Нека Ви служи на чест
Сите тие случувања будно ги следеа и специјалните сили за брзо распредување на МВР кои ниту во еден момент не употребија физичка сила и беа видно изненадени од постапките на локалната полиција. Цел овој немил настан вчудовидено го следеа и двајцата градоначалници, на општина Кавадарци и на општина Струмица.
За случувањата на финалниот куп натпревар КК Струмица ќе поведе постапка пред хелсиншкиот комитет за човекови права, ОБСЕ и сите релевантни институции во Република Македонија. Освен тоа ќе следува и дополнителна изјава, веднаш по итниот состанок на УО на КК"Струмица"
бреееее плачипички hihi hihi hihi hihi