Mourinho (20.09.11 - pres): Khedira, Coentrao и Pepe, тројца повредени и очигледно ќе мора на нивно место да влезат играчи кои не биле стартери, но тоа не е проблем. Имаме 21 играч, не може сите секогаш да играат. Играат само 10, плус голманот. Но шанси ќе имаат и важно е тие кои играат да играат добро.
Не сум зборувал со играчите за натпреварот против Levante, не го правам тоа после натпревар, а сега сме сконцентрирани на Racing. Ќе имаме време за анализа, сега мора да се подготвиме за Racing. Утрешниот натпревар е поважен од оној кој веќе го изигравме во неделата.
Не се чувствувам одговорен за “тепачките“ на терен. Тоа што го направи Khedira не беше “тепачка“. Тепачка имаше на Шпанија-Чиле и тогаш сите вие рековте дека тоа е спектакуларно и неверојатно, дека така играчите го покажале својот карактер, дека се браќа. Кога тоа ќе го направи Шпанија тоа значи дека играчите се здружени, кога се случува во Real Madrid тогаш сме бандити. Khedira е смирен, не ги користи своето тело и сила на тепање. Khedira е последниот од кого очекував нешто такво, но го направи тоа и беше санкциониран. Не ме загрижува тоа, затоа што знам дека нема да го повтори. После санкцијата за мене ќе биде како било кој друг мој играч.
Не верувам дека моите играчи се физички преизморени. Професионалец кој тренира, живее, се одмара и му плаќаат добро не верувам дека во септември се чувствува физички и ментално изморен. Привилегирани сме во ова друштво кога речиси во секоја земја луѓето тешко живеат. Нема ништо што може да не спречи да играме подготвени. И противникот игра, и судијата исто така.
Јас немам што да направам за да ги контролирам импулсите на Рере. За контрола на стапиците и провокациите се судиите, за да внимаваат на секој играч, екипа, стадион. Од тоа зависи дали судијата е голем или не. Останатото зависи од личноста на самиот играч и од неговата самоконтрола.
Зошто ставам малку Шпанци во први 11? – Затоа што ги немам многу. Не можам во исто време да ги ставам и Casillas и Adán. Ниту Sergio и Arbeloa. Комплицирано да играм со Xabi и Granero во исто време. И немаме повеќе.
Втор пораз би било загрижувачки. Овие бодови што ги губиме се оние кои се бројат. Ако изгубиш уште три, губиш шест во два натпревари. Тоа е премногу. Иако има уште многу до крај, но тоа би било загрижувачки.
Немам што да кажам во врска со тоа колку е заштитен Cristiano на терен. Зборев пред неколку месеци за тоа. Не верувам дека е добро за мене да зборувам за исто пак. Тука се судиите за да видат и проценат. Сакаш да сфатиш зошто Dinamo завршува со 11, а Real Madrid со 10. Зошто Khedira е избркан за една детска работа, а не добива црвен картон играч на Dinamo за тоа што му го направи на Cristiano. Различни натпреварувања, различни натпревари, но не може да се сфати.
Лани изигравте во Santander одличен натпревар со Granero и со еден невообичаен систем, ќе го повторите истиот? – Нема да ти одговорам.
Дали ќе има валкана игра утре ќе зависи од судијата. Одиш до таму до каде што ти дозволуваат. Таму ќе биде судијата.
Во Sport денес на насловна пишува “Не си оди Mou, откако си во Мадрид, Real Madrid само губи титули и респект“, коментар? – Добро е што јас не бев тренер кога Real Madrid го освои Купот.
Остануваме со 10 играчи на секој четврти натпревар? – Да видиме дали следните четири ќе ги завршиме со 11, ќе биде тоа добро. Два натпревари ги завршивме со 10 играчи. Ќе видиме дали ќе го задржиме просекот и во наредните 8 играме со 11 играчи 90 минути.
за болдот