Фан клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.652
Поени од реакции
22.728
Не сакам овде да провоцирам. Гледам дека кај повеќето мислењето ви е дека Мурињо потфрлил. Можеби, ама Мурињо не е крив што Марсело и Коентрао одиграа полу-аматерски или аматерски вечерва.
90% од акциите на Леванте беа по нивна директна или индиректна заслуга.
За ефикасноста, за клуб како Реал тоа е краток проблем. Истите тие играчи кои сега промашувале во наредно коло или после 2-3 кола ќе дадат 5 гола против некој друг противник. А, дефанзивата е подруг проблем, на кој треба малку посериозен пристап.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.608
Поени од реакции
14.447
Толкава голема доза на идиотизам долго време не сум видел. А идниот натпревар е за неколку дена. Што да се каже друго освен дека ова треба под итно да се поправи, али кога ќе погледниш, касно е, касно е ко и секоја ебена година кога се зборува дека има време, дека тек почнало првенството, бла бла..

Првенството уште сега може да се каже дека оди у курац.. Барса е пред нас, а мислите дека во брзо време ќе ги повторат 2 - 2 ? Може и ќе повторат нешто такво, ама што правиме со нас ? На нас ни е сега притисокот поголем, наместо ние да бидеме тие што ќе го водиме текот на лигата, ние сега треба да ја пратиме Барса.. А можеше да биде обратно и можевме да го дочекаме Ел Класико со неколку поени предност.

Хала Мадрид !

(најлошиот одигран натпревар на Реал во последните 3 години. Како што некој кажа, полошо дури и од петардата на Камп Ноу)
--- надополнето: Sep 18, 2011 9:14 PM ---
Конкретно за натпреваров.

Да, точно е дека играта беше лоша, под стандардната игра, али тоа не е само поради нашите играчи, има тука и други фактори. Видливо е дека играчите не се во форма и многу беше важно да ги искористиме шансите кои ги добиваме. Може слободно да се каже дека Бензема не укопа со оној зицер, дека Кедира се изглупира, дека судиите беа крајно лоши кога е во прашање Реал.. Има тука многу фактори.

Формата е далеку од посакуваната. Од каде овој пад после Супер-купот, стварно не знам, али очигледен е. Споредите ја само играта на Бензема и Озил во тие два периоди и ќе ја видите разликата. Играчите мора да почнат да играат како знаат.

Е сега, подобро кога ќе размислам, не би напишал дека бевме до толку катастрофални. Имавме шанси, од време на време доаѓавме во шестнаесетникот на Леванте, имаше игра каква-таква. И покрај тоа можевме да стигнеме до водство али Бензема не беше при себе, мораше подобро во таа ситуација.

И после тоа, тој црвени картон. Замрсена ситуација во секој случај. Имаше фаул над Ди Марија најпрво, на едно метро од линискиот судија, дали намерно не го забележа, дали не сакаше да досуди, стварно не знам. А после тоа проработија и живците. Постапката на Кедира не може да се оправда никако и тој е еден од факторите за нашиот пораз, мада само во таа ситуација.

Судењето беше лошо. Да беше се ОК, Кедира немаше потреба така бурно да реагира. Натпреварот требаше да биде регуларен а судиите тоа не го допуштија. Пенал исто постоеше. Не би сакал никој што ќе ме прочита да стекне впечаток дека се вадам на судиите, али тие и тоа како придонесоа до крајниот резултат, тоа е неспорно.

Мислам дека преголема драма се создаде. Првенството е долго, реков во претходниот пост дека сезонава полека оди у курац, али ајде бе, ќе бидат и падови и успони во играта, најбитно од се е да не паничиме и да веруваме во овој тим. Најбитно од се е да го задржиме оној впечаток за тимот дека оваа сезона може да направиме големи работи. Јас и понатаму верувам во тоа.
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
Еден бод пред вас е Барса , а вие дигнавте паника како да се 10.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.825
Поени од реакции
30.711
Јас како навивач на Реал се срамам од овој пораз, за мене ова е дебакл. Разбирам Барса Валеснија... али Леванте бе братче o_O а за играта немам зборови (во буквална смисла) затоа што нема што да се каже...патетики.
 
Член од
15 септември 2008
Мислења
1.957
Поени од реакции
337
Добро бе како можеле да изгубат? Не ја гледав, сеа си идам и гледам изгубиле.....и шо ако не играл Роналдо голем к*р мислиш нема кој да игра.....и после титула сакат, е нема кога губат со такви тимови......:mad:
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.780
Поени од реакции
21.485
НЕ игра Роналдо и одма редите порази !!! Човек екипа !!!!!!!!
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
НЕ игра Роналдо и одма редите порази !!! Човек екипа !!!!!!!!
GTFO !!!

Незнам што се чудите. Ја бев помирен дека ако не на оваа, на наредните 2-3 ќе кикснеме. Тимот не го дава максимумот моментално, очигледно е тоа, и после Гетафе и Динамо, се виде дека не е тоа - тоа.

Не ја глеав утакмицава, немам што да коментирам за неа. Но, и без да ја глеам знам дека одбраната сигурно ни била катастрофа како и на сите натпревари оваа сезона. Таму треба да се поработи најмногу.

И не се чудете сеа, ако пак имаме проблем со ефикасноста, и играме топло - ладно. Ќе требаат 3-4 утакмици да се консолидира се како што треба, тек таму 3то коло од ЛШ ќе биде се океј.

п.с. Што убаво беше со баскетов овие 3 недели, сеа пак ќе треба да се нервирам со овие... :oops:
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
GTFO !!!

Незнам што се чудите. Ја бев помирен дека ако не на оваа, на наредните 2-3 ќе кикснеме. Тимот не го дава максимумот моментално, очигледно е тоа, и после Гетафе и Динамо, се виде дека не е тоа - тоа.

Не ја глеав утакмицава, немам што да коментирам за неа. Но, и без да ја глеам знам дека одбраната сигурно ни била катастрофа како и на сите натпревари оваа сезона. Таму треба да се поработи најмногу.

И не се чудете сеа, ако пак имаме проблем со ефикасноста, и играме топло - ладно. Ќе требаат 3-4 утакмици да се консолидира се како што треба, тек таму 3то коло од ЛШ ќе биде се океј.

п.с. Што убаво беше со баскетов овие 3 недели, сеа пак ќе треба да се нервирам со овие... :oops:
Прво полувреме Леванте не го пројде центарот, а ние имавме 4 убави шанси за гол. Две на Кака, две на Бензема. Телево успеа да промаши празен гол, т.е од цел гол шутна право во играчот што беше на линија.
После следеше црвениот, па малку срединава ни падна. Второ полувреме, влезе Роналдо и мислев дека конечно ќе дадемо гол, ама се случи сосем спротивното. Една шанса за гол не напраевмо, играта драстично падна (не дека прво полувреме растуравме), а домаќинот го искористи тоа што Реал целосно се отвори, плус со играч повеќе.
Грешката најмногу ја гледам кај Мурињо. Точно дека Бензема промаши добри шанси, но барем влагаше во нив, се отвораше. На полувреме го извади него, го стае Роналдо. Коентрао отиде како партнер на Чаби, а Роналдо отиде лево и одвреме навреме се уфрлаше и играше како шпиц. Фактички до 70 мин. (додека не влезе Игуаин), игравме без класичен напаѓач а тражевме победа. Несфатлив потег според мене од страна на Мурињо. После тоа, место да го извади Коентрао кој цела утакмица беше како мува без глава, го ваѓа Марсело (не дека и овој беше којзнае што, ама у секој случај беше далеку подобар од гореспоменатиов петел).
Едноставно, колку и да го поштуем Мурињо некогаш стварно ми иде на живци. Толку форсира одредени играчи, што е способен да извади голман само да го остае него во игра. Чист пример лани со Албиол, кој му беше некако омилен и покрај (пре)лошите партии, сепак беше секогаш пред Гарај. Годинава истиот пример е со Коентрао, кој според мене до сега не покажа апсолутно ништо. Ама ајде, се надеам дека веќе од наредно коло ќе тргне машината и нема да застане.

п.с. Не им доаѓа никако памет, секоја сезона губиме бодови против вакви никакви екипе а истите тие бодови на крајот одлучуваат за титула.
 
A

apidrone

Гостин
Коентрао до оваа утакмица беше еден од подобрите. Се разбира, на секој може да му се случи да има лош ден (лоша вечер), али вие тоа не го разбирате. Вие барате перфекција во секоја ситуација.
Друго, уште еднаш се виде дека Кака е потрошен материјал. Од тие 65 милиони што ги дадовме за него, ни третина не оправдал. Една утакмица добра, 3 лоши. Исто и Бензема. Па подобро 3 гола на 3 утакмици (по еден на секоја), отколку хет трик, а потоа нигде го нема. Страв ми е за нападот, премногу зависиме од Роналдо. А тоа можат да го искористат останатите екипи, пошо нели „во Шпанија се почитува технички пред физички фудбал“. Во секој случај, мора да се гледа на наредната утакмица. HALA MADRID!
 
A

apidrone

Гостин
Па потребен е напаѓач, Игуаин и Бензема не можат со Леванте да се изборат за шанса a во Лига Шампиони нокаут фаза тешко топка да фатат...
Ама нее, Пипита и Дајмонд бој се добри, само немаат среќа...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom