Логика тогаш беше затоа што во изминатите 2-3 години беше најдобар играч во свет. А никој не знаеше како тој ќе се покаже во друга средина. Ама имаше барем што да се очекува од него, затоа што знаеме дека беше класа.
А за Нејмар што да очекуваме ? Освен од клипчињата од јутјуб по ништо друго не се докажал дека вреди ни 10 милиони а не па 60. Прво да дадеш 60 милиони за него е ненормално, за играч кој досега играл само во бразилска лига, кој има само 19 години, прво треба да се навикнува на нашиот стил на игра, второ, требаше малку да се дисциплинира, не малку, него малку повеќе, па потоа и на чие место ќе игра затоа што пред него веќе има двајца. Немам ништо против него, ни против тоа да дојде во Реал, поготово па за тие пари за кои се зборува..
Единствен напаѓач во последните неколку години што ни се исплати е Игуаин, го земавме евтино а направи премногу за тимот во сите овие години додека е тука.
Ете го и Бензема беше млад, надежен, слично како и Нејмар, па што случајно да не ги оправда своите пари ?
Се ми оди на тоа дека Нејмар ќе го снајде истата судбина како Робињо..